Лобода, Пепелашка, брашнест лист, бела лобода (Chenopodium album) е брзорастечки едногодишен плевел со исклучителна способност за размножување – што особено треба да ги радува љубителите на пити и варива со темнолистест, зелен зеленчук.
Секој вреден, уреден и “очаен” градинар или земјоделец може да потврди дека не постои опасност од искоренување на оваа билка.
Форнети од најдобриот коров
Потребни состојки:
1 лиснато тесто
1 куп врвови од млада лобода (15 см врвови од билката)
1 парче свежо кравјо сирење или крем сирење
лук, сол, по потреба малку кисела павлака
1 јајце за уметнички впечаток – премачкување пред печење, а може и малку сусам, ким за наросување
Постапка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Врвовите од млада лобода прво кратко избланширајте ги во врела и посолена вода, добро процедете ги и исечкајте ги ситно.
Потоа измешајте ги со здробено сирење, згмечено лукче и малку кисела павлака за да ги поврзе состојките.
Лиснатото тесто тенко се развлекува, па се сече на квадрати. Половинката од секој квадрат се сечка на ленти или како на фотографијата (со остар нож) за да добиете форнети.
Нанесете крем од сирење и лобода на несечениот дел од квадратчето и свиткајте во кифла или преклопете.
Одозгора премачкајте ги форнетите со разматено јајце и наросете со сусам.
Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени, околу половина час.