Зачинските билки со своите мириси ги одбиваат штетниците од зеленчукот, па затоа добро е да се засадат покрај леите, а просторот можете подобро да го организирате така што ќе засадите различни видови зеленчук едни покрај други.

Во зеленчуковата градина е многу важно повремено да им се менува местото на растенијата и да ги комбинирате според нивните потреби. Доколку садите на скалеста, висечка градина штедите на простор, а можете да одгледувате и мешовит зеленчук.




За разлика од нив, на полињата се садат едноврсни билки во редови со доста простор помеѓу нив за да се олесни пристапот до истите. Во градината се садат нешто погусто поради ограничениот простор, но тоа воопшто не пречи.

Во мешовитите култури, исто како и во природата, билните заедници во текот на вегетацискиот период растат непосредно една покрај друга. На тој начин лисјата го засенчуваат тлото и ја штитат влагата од испарување.




Добро осмислената мешовита култура на едно место треба да се надополнува, како надземно, така и подземно. Растенијата мора внимателно да се одберат така да не се загрозуваат едни со други со своите листови и плодови, а секогаш треба да остави и место за воздух и светлина.




Хармоничното дополнување е особеноп важно во подрачјето на коренот. Коренестиот зеленчук одлично се надополнува со лиснатиот зеленчук, додека билка од истата фамилија би можела да се натпреварува за подземниот простор.

Важно е да се комбинираат и растенијата кои не ги црпат од земјата истите супстанции и не се подложни на истите болести. На пример, покрај доматите не е добро да се засадат пиперки, но зелката добро ќе го искористи просторот под доматите и ќе стане поотпорна, бидејќи доматот излачува супстанции кои ги одбиваат штетниците на зелката.




Покрај зеленчукот добро е да се засадат и некои зачински билки, бидејќи истите го подобруваат вкусот на плодовите кои растат покрај нив. Така на пример, раниот компир посаден покрај кимот е многу повкусен од обично. Копарот и морковот имаат сличен меѓуоднос, дури можете и заедно да ги сеете во еден ред. Исто така, ротквицата посадена покрај добрејката ќе добие побогат вкус.




ЦВЕКЛО

Цвеклото подобро расте ако се посади покрај кромид, келераба, босилек, грав, салата, зелка или домати. Ако се засади покрај кромидот, ги одбива некои од штетниците и плевелот.

МОДАР ПАТЛИЏАН

Модриот патлиџан можете да го заштитите од штетници така што покрај него ќе насадите амарант или грав.




МЛАД КРОМИД

кромидот обично се сади покрај морковот бидејќи ја одбива морковата мува, а пак морковот ја одбива кромидовата мува.

ДОМАТ

Босилекот ја брка белата мушичка (Trialeurodus vaporarium). Добро си одговара со доматите. покрај секое стебленце домат посадете три коренчиња босилек. Добри соседи на доматите се исто така, зелената салата, цикорија, лук, морков, пченка, грашок, ротквици, сончоглед, кромид, цвекло, целер и ким. Не си одговара со коморач и грашок, а пожелно е да се сади подалеку од компир.




БЛИТВА

Не претешка за одгледување, а добри соседи ќе и бидат морковот, нискиот грав, ротквица, цикорија и зелка.

ЛУК

Посаден во близина на ружи, ги брка вошките. Се сади околу овошје, бидејќи е ефикасен против овошни молци. Ги штити од болести јаболката и праските. Во близина на доматите ги одбива грините. Сепак, гравот, грашокот и зелкарите тешко ја поднесуваат неговата близина.




БРОКУЛА

Засадена покрај копар или нане многу подобро расте. Си одговара и со јагоди.

ГРАВ

Нискиот грав е добро да се сади покрај сончоглед или чичока бидејчи сака делумна сенка. Сите видови на грав е добро да се садат покрај пченка, компир и целер, бидејќи овие билки бараат многу хранливи материи, а гравот се фиксира на азотот. Помалку е веројатно дека ќе го нападнат штетници ако покрај него се засадат петунии.




ГРАШОК

Садењето грашок со пченка го поттикнува нејзиниот раст. Добро соседи на грашокот се зелена салата, копар, морков, зелкари, коморач, тиквички и ротквици. Лоши соседи се: лук, кромид, компир, домати, праз и високиот грав.

ЈАБОЛКО

Ако засадите власец покрај јаболкото, помала е веројатноста дека ќе заболи од разни болести. Добро е да се засади и пелин кој штити од вошки и болести на листот, како и детелина која го збогатува со азот.




КРАСТАВИЦА

Добри соседи се: кромид, лук, салата, копар, нискиот грав, цвекло, анасон, висок грав, целер, зелкари, коморач, коријандер и Ким. лоши соседи: компир, домат и ротквица.

КОМПИР

За да му ја зголемите отпорноста, блиско до компирот засадете малку рен. Добри соседи на компирот се нискиот грав, бобот, нането, спанаќот, драгољуб, ким и џунџулето.