Го споделуваме со вас рецептот за вкусни чоколадни колачи во стилот на Сникерс – ќе ви се допадне со првиот залак! Кога и да ги направам први се изедуваат од трпезата, веднаш ги снемува. Дозволете си да бидете маѓепсани од овој уникатен десерт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Карамел:
150 г шеќер. Се топи на средна топлина. Штом се претвори во карамел додајте:

70 г ладен путер исечкан на коцки. Штом се растопи и соедини со карамелот, додајте:

110 г топла павлака (33-36% масти). Мешајте додека да се соедини во еднолична смеса. потоа додајте:

100 г печенитостирани кикирики и прстофат сол. Промешајте и оставете да се излади.

Пандишпан:
4 јајца (средна големина М)
прстофат сол
130 г шеќер

Матете додека смесата да го зголеми волуменот 3-4 пати. Потоа додајте:

30 г растително масло. Матете уште кратко време додека да се инкорпорира. Па на неколку наврати, постепено додајте просеано:

90 г брашно
30 г какао
1 лажичка прашок за печиво

Мешајте рачно со бавни движења додека состојките да се изедначат. Смесата треба да остане пенлива и воздушеста. Сипете ја во сад за печење 37х26 см (приближно 14,5×10,2 инчи) обложен со хартија за печење. Израмнете.

Ставете да се пече во загреана рерна на 170°C (340°F) околу 15 минути. Печениот пандишпан оставете да се излади, па отстранете ја хартијата. Исечете ги колачите со специјален прстен за колачиња од 5,5 см /модла/чаша. Остатоците сомелете ги во трошки.

Крем:
300 г крем сирење (маскарпоне, Филаделфија или слично)
1 лажичка ванилин шеќер или екстракт од ванила
30 г шеќер во прав
200 мл крем/слатка павлака (33-36% маснотии)

Матете додека смесата да се згусне. Со готварски шприц или со лажица филувајте ги колачите од горната страна, но да остане празнина во средишниот дел за да се наполни со изладениот карамел.

Врз карамелот повторно ставете слој од белиот крем, а потоа колачите одозгора посипете ги со трошките од мелениот пандишпан и декорирајте со чоколаден ганаш. Оладете пред послужување.

Чоколаден ганаш:
50 г темно чоколадо.
50 мл крем/слатка павлака.

Се топи во микробранова печка или на пареа. Мешајте додека да се изедначи. Може да додадете и:

25 г печени/тостирани, сечкани кикирики. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.