Кардиохирург открива 4 намирници што треба да ги избегнувате за да го заштитите телото
„Сè што јадеме е или храна за душата или отров за телото“, велел Хипократ, таткото на медицината.
Во сличен дух, д-р Џереми Лондон, кардиохирург и популарен тиктокер, додава: „Изборот на вистинска храна е првиот чекор кон здраво срце.“
Во своето последно видео, тој открива четири намирници што ги нарекува „тивки yбијци“ на нашето здравје, повикувајќи нè да го преиспитаме она што го ставаме на трпезата, пишува НМД.
Еве што советува овој експерт за да го заштитиме телото и да живееме подолго:
1. Брза храна: Вкусна, но опасна
Брзата храна, според д-р Лондон, е повеќe „јадлив производ“ отколку вистинска храна. Полна е со калории, шеќери, соли и хемикалии, а малку нуди хранливи материи.
Според студија од 2017 година, редовното консумирање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.
2. Газирани пијалаци: Течна смрт
И обичните и диеталните газирани пијалаци се вистинска закана. Една лименка дневно го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 за 20%, вели истражување на UCLA Health.
Диеталните верзии, пак, го нарушуваат метаболизмот и предизвикуваат глад.
3. Млечни производи: Не толку здрави
Човекот е речиси единственото суштество што пие млеко од други видови и по детството.
Млечните производи се богати со заситени масти, кои се поврзуваат со срцеви болести и Алцхајмер. Д-р Лондон советува да ги намалиме или избегнеме.
4. Алкохол: Отров за секоја клетка
Алкохолот е класифициран како канцероген од Светската здравствена организација, во ист ранг со тутунот.
Дури и умереното пиење може да предизвика штета. Интересен податок: само една чаша вино дневно го зголемува ризикот од рак на дојка кај жени за 7-10%.
Д-р Лондон нагласува дека избегнувањето на овие намирници и фокусирањето на зеленчук, овошје и цели зрна може да ни обезбеди подолг и поздрав живот, пишува НМД.
Мудрите избори во исхраната се клуч за силно срце и добро здравје!