Сите го сакаат пилешкото месо, не само затоа што е вкусно, туку и дека многу побрзо се спрема од сите останати видови месо. А, ако го издинстате карабатакот во сос од вино и сенф, ќе го добиете највкусното и најсочното месо што некогаш сте го направиле.
Ако не можете да си го замислите ручекот без месо, а сепак сакате да е здраво и вкусно, ви препорачуваме да го испробате пилешкото подготвено на овој начин. Можете да користите батаци или карабатаци, а месото се крчка во мирисен сос од бело вино и сенф.
Многу е едноставно, а како прилог можете да послужите тестенини претходно сварени, компир пире, рижото или мешавина од зеленчук подготвен на пареа. Сочниот карабатак се подготвува набрзина, а ниту состојките не се премногу скапи. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 батаци или карабатаци, путер, сол, црн пипер, ловоров лист, нане, 2 главици кромид, 300 г печурки, 3 чешниња лук, 1 супена лажица брашно, 120 мл бело вино, 450 мл пилешки булјон, 160 мл неутрална павлака/крем, магдонос
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 батаци или карабатаци, 1 главица кромид, 3 чешниња лук, 2-3 супени лажици брашно, 150 мл суво бело вино, 100 мл пилешки булјон, 1 ловоров лист, 2-3 гранчиња мајчина душичка, 1 морков, 1 парче праз, 120 мл неутрална павлака/крем, сол, црн пипер, маслиново масло, путер
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 батаци или карабатаци, сол, црн пипер, рузмарин, магдонос, 2 супени лажици брашно, путер, 7-8 мали мали кромитчиња/кокари или 1.5 главица црвен кромид, 2 чаши суво бело вино, 2 мали лажички сенф, 250 мл тестенини, 250 мл шери домати
ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 3: Месото посолете го и запиперете го по вкус од сите страни и добро протријте го. Потоа наросете го со брашно од двете страни. Во тиган растопете путер на тивок оган, па испржете го месото од двете страни додека убаво да зарумени.
Извадете го од тиганот, па додајте ситно сечкан кромид или пак исечен на полумесечинки. Кога ќе омекне, додајте го виното и динстајте 5 минути, па додајте го сенфот и рузмаринот и добро промешајте за да се распоредат состојките.
Вратете го месото, поклопете и намалете ја температурата, па оставете да се динста уште 20-тина минути. За тоа време сварете ги вашите омилени тестенини според упатството на амбалажата и внимавајте да бидат „ал денте“ и да не ги преварите.
Во готовото месо додајте шери батачиња исечени на половинчиња и оставете уште 5 минути да се динста врз ринглата. Декорирајте со ситно сечкан свеж магдонос. Деталите од сите три рецепти можете да ги погледнете во видеорезентацијата ОВДЕ.