Колач кој со својата кремаста текстура и комбинација од кафе и сочен крем – ве остава воодушевени. Мек и сочен, се топи во уста.

Потребни состојки:

8 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици масло
9 лажици брашно
5 г прашок за печиво ( ½ кесичка)

за сируп:

250 мл вода
7 лажици шеќер
5 лажички нес кафе
2 кесички капучино (уште поубаво ако има со вкус на рум)

за фил:

500 мл слатка павлака
250 г крем сирење (филаделфија или сл.)
7 лажици шеќер во прав

за декорација:

100 г мелени наполитанки

Постапка:

Изматете ги пенасто белките па постепено додавајте шеќер и продолжете со матење додека да добиете цврст и сјаен снег. Потоа додадете ги жолчките и продолжете со матење. На крај додадете просеано брашно измешано со прашок за печиво, па соединете ја смесата полека мешајки со лажица.

Добиената смеса излејте ја плех со димензии 35х25 см обложен со хартија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, помеѓу 20 и 25 минути, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка.

Испечениот бисквит оставете целосно да излади, а потоа исечете хоризонтално за да се добијат две потенки кори.
За сируп: водата и шеќерот ставете ги на оган, оставете кратко да проврие, па тргнете на страна. Додадете го нес кафето и капучиното, промешајте и оставете да излади.

За крем: Изматете ја пенасто слатката павлака, а посебно измешајте го крем сирењето со шеќерот во прав. Потоа соединете го шлагот од слатката павлака и сирењето. Не мешајте премногу, туку колку да се соединат двете состојки.

Со млакиот сируп натопете ја кората и почекајте да впие. Нанесете половина од филот, кора, сируп, фил, а одозгора наросете со мелени наполитанки. Оставете го колачот убаво да излади, па сечете го на коцки и послужете го.