Брз, економичен и хранлив посен ручек
Кога ви треба брз посен ручек на вода, а сакате јадење што е заситувачко, домашно и лесно за подготовка, оваа капама со ориз и зеленчук е вистински избор.
Подготвена без масло, со едноставни состојки што речиси секогаш ги имаме дома, ова јадење е идеално за периоди на пост, балансирана исхрана или лесен семеен ручек.
Комбинацијата од праз, спанаќ, ориз и ароматични зачини создава богата текстура и природен вкус, додека печењето во стаклен сад овозможува убаво соединување на состојките однатре, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки (за 2 лица)
• 1 страк праз
• 1 морков
• 1 црвена пиперка
• 300 г спанаќ
• ½ шолја ориз
• 5 шолји вода
• 2 чешниња лук
• 2 лажички сол
• црн пипер по вкус
• 1 лажичка суво мајчина душица
• 1 лажичка меленa црвена пиперка

Постапка
1. Во подлабока тава или тенџере сипете 1 шолја вода и ставете го ситно исечканиот праз, морковот и црвената пиперка. Гответе на средна температура додека да омекнат.
2. Додајте го спанаќот и мешајте додека да спласне (околу 1–2 минути).
3. Додајте го оризот, посолете, ставете црн пипер по вкус и додајте суво мајчина душица. Добро промешајте.
4. Сипете 3 шолји вода и оставете да се вари додека оризот да омекне и течноста делумно да испари.
5. Додајте ја мелената црвена пиперка и ситно исечканиот лук, па сипете уште 1 шолја вода. Оставете кратко да се крчка додека да се соединат вкусовите.
6. Префрлете ја смесата во стаклен сад за печење и печете во загреана рерна на 180°C околу 20 минути, додека површината лесно да се запече.
Послужете топло.
Зошто ова јадење е одличен избор?
• Посно на вода – без додадени масти
• Буџетски и економичен рецепт
• Богато со растителни влакна
• Идеално за семеен ручек
• Брза подготовка (30 минути)
• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ.




































