Новите истражувања ја откриваат поврзаност на kopoна вирусот и магнезиумот, особено кога недостигот на овој минерал создава тешки облици на болеста.
Со проучување на карактеристиките на болеста koвид 19, воочени се одредени совпаѓања со симптомите и состојбите кои се јавуваат и кај дефецит на магнезиум.
Тоа ги заинтересирало научниците, бидејќи недостигот на магнезиум, минерал кој учествува во стотици витални функции, е доста чест во западниот свет.
ЗОШТО СЕ ИСПИТУВА ПОВРЗАНОСТА НА МАГНЕЗИУМОТ И KOPOНА ВИРУСОТ?
Пандемијата со koвид 19 најтешко ги погодува лицата кои веќе имаат одредени здравствени проблеми, како дебелина, хипертензија, дијабетес и хронична опструктивна болест на белите дробови.
Овие лица се поподложни на тежок развој на болеста koвид 19. Меѓутоа, она што е интересно е дека сите овие болести се поврзани и со ниско ниво на магнезиум, а кои дополнително се влошуваат доколку се земаат поедини лекови како што се на пример (диуретици и инхибитори на протонска пумпа).
Интересна е поврзаноста понеѓу најголемиот број тешки случаи на koвид 19 и см-ртни исходи токму кај постарите луѓе кои природно се склони на недостиг на магнезиум, поради тоа што веќе земаат различни лекови и имаат придружни болести.
Неодамна објавеното истражување кои предизвика голем интерес кај медиумите, покажа поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Д и болестите кои ги предизвикува kopoна вирусот кај европската популација.
Меѓутоа, многумина не знаат дека за да се активира витаминот Д во организмот е неопходен магнезиум. Значи, доколку телото нема доволно магнезиум, тоа нема да може да го искористи витаминот Д.
Уште еден фактор треба да се земе во предвид, а тоа е односот кој постои помеѓу магнезиумот и стресот. Еден од најсилните ефекти на пандемијата е зголемениот стрес поради карантинот, различните ограничувања, страв од економската неизвесност.
Хормоните на стресот го движат магнезиумот од клетките во вонклеточниот простор, што доведува до засилено излачување на магнезиумот преку урината.
Со помалку магнезиум доаѓа до зголемување на нивото на хормонот на стрес, со што доаѓа до магепсан круг на намалена отпорност кон стресот и натамошен губиток на магнезиум од организмот.
Со истражување на магнезиумот кој се внесувал преку вода, научниците укажуваат на можноста дека дефицитот на овој минерал предизвикува потешки последици на koвид 19.
Имајќи ги во предвид бројните функции на магнезиумот, во најсвежото истражување на група италијански и француски научници, поставена е хипотеза за поврзаноста на магнезиумот со епидемијата на болеста koвид 19.
Иако за ваква хипотеза се потребни детални испитувања, научниците извршиле прелиминарна анализа. Анализата е направена врз популација од САД, која од една страна внесувала “тврда” вода богата со магнезиум и “мека” која го содржи помалку.
Извесно е дека поопширни анализи ќе се направат кога сите релевантни податоци ќе бидат на располагање, но сигурно е дека магнезиумот мора да го внесуваме во пропишани количини.
Водата која содржи магнезиум и е негов природен извор, може значително да придонесе во секојдневниот внес на овој витално важен минерал.
Соодветниот внес на магнезиумот е предуслов за нормално одвивање на бројни метаболички функции како и поддршка во борбата со стресот кој го предизвика пандемијата, како меѓу здравствените работници, така и меѓу општата популација која мора да се соочува со важните промени во животните навики и воопшто, со новиот стил на живеење.