Како се прави јогурт цврст како камен и не се расипува со месеци…РЕЦЕПТ…Многу е вкусен, а може да се користи и во најразлични рецепти…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 литри млеко (најдобро домашно)
2 полни супени лажици маја (ферментиран цврст јогурт)

ПОСТАПКА:

Сварете го млекото и оставете да се олади додека да достигне 50 степени. Промешајте го сосе кајмакот кој се формирал на површината, па претурете го во чисти тегли.

Температурата треба да се намали на 45-46 степени и тогаш од секоја тегла одземете по лажица-две млеко и измешајте го со мајата. Сипете по една, една и пол супена лажица маја во секоја тегла и промешајте.

Затворете ги теглите црвсто со чисти капаци и протресете ги добро. На овој начин ќе се формира пена на површината и ќе има поубав вкус.

Оставете ги во рерна најмалку 3 часа ако е топло, а ако е ладно најмалку 5-6 часа за да се комплетира ферментацијата. Потоа теглите оставете ги во фрижидер 24 часа, а по изминатото време можете да ги отворите за консумација.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: