Медот е слатка вискозна супстанција која е продуцирана од пчелите. Тие го собираат медот од цветниот нектар и го складираат во восочна структура наречена саќе. Оваа намирница е особено популарна во нашиот регион. Со генерации се произведува и користи за исхрана, но и за лекување.
Медот е добар нутритивен извор
Покрај 64 kcal во една кафена лажичка, кои доаѓаат само од јаглехидратите, содржи и минерали како калиум, цинк и железо и антиоксиданти. Некои типови на мед содржат и траги од други хранливи материи како витамини, аминокиселини, ензими итн. Квалитетниот мед е богат со антиоксиданти како фенолична киселина и флавоноиди.
Јадењето мед, може да придонесе за зголемување на антиоксидативниот статус на кр-вта
Слободните радикали кои ги продуцира телото може да предизвикаат оксидативен стрес, односно да ги оштетат клетките во организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.
Спречувањето на оксидативниот стрес, понатаму го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за повеќето хронични заболувања, како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн.
Медот може да придонесе за кардиоваскуларното здравје
Заменувањето на белиот шеќер од секојдневнието со мед, може да има различни многу корисни ефекти врз здравјето. Помеѓу најзначајните е ефектот на намалување на неколку ризик фактори за срцеви заболувања.
Една студија која се одвивала еден месец и ги истражувала ефектите на шеќерот и медот кај 55 испитаници, на крајот дава интересни податоци. Имено, оние кои користеле мед ги намалиле нивоата на ,,лошиот” LDL холестеролот, а од друга страна ги зголемиле нивоата на HDL или ,,добриот” холестерол. Исто така, нивото на триглицериди или масти во кр-вта, бил намален за 19%.
Некои студии пак, правени на животни, укажуваат дека медот може да влијае и на намалување на кр-вниот притисок, што е уште еден главен ризик фактор за кардиоваскуларните заболувања.
Медот го забрзува заздравувањето на ра ните
Во традиционалната медицина ширум светот, една од најчестите употреби на медот била за лекување токму на отворените ра-ни. Истражувачите биле заинтересирани да откријат дали и какво влијание има медот при ваквите состојби.
Според испитувањата, ова дејство на медот се должат на неговите антибактериски својства. Изгледа дека медот има способност да го намали или спречи растот на микробите кои се предизвикувачи на инфекциите.
Дополнително, некои студии укажуваат дека медот може да се користи и за третирање на некои состојби на кожата, како на пример: псоријаза, дерматитис, херпес, итн. Медот има висока калориска вредност како и шеќерот. Сепак, тој содржи некои минерали и моќни антиоксиданти кои ги споменавме, a има и значително помал гликемиски индекс, што го прави идеален засладувач.
Гликемискиот индекс е мерка за тоа колку брзо расте нивото на глукоза во кр-вта, веднаш по внесувањето на било каква храна. Исто така, студиите покажуваат дека употребата на медот, наместо белиот шеќер може да ги намали триглицеридите во кр-вта и вкупниот холестерол. На овој начин, медот влијае позитивно и за кардиоваскуларното здравје.
Сепак, иако медот е подобра опција како засладувач од рафинираниот шеќер, треба да внимаваме и да го употребуваме во умерени количини. Тоа е така заради, сепак високата калориска вредност на простите шеќери. Ова важи особено за дијабетичарите и оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина.
Веројатно сте слушнале многу за придобивките од јадење мед. Сега можеме да ви дадеме неколку практични совети за тоа, како правилно да го консумирате медот, за да се апсорбира најмногу од неговите состојки и кои грешки најчесто ги правиме при консумирањето мед.
Најдобар начин за земање на мед е една лажица на празен стомак во утринските часови и една лажичка навечер
Медот треба да отстои во устата и полека да се раствора во рок од неколку минути. Не го голтајте веднаш и не пијте вода. Задржувањето на мед во устата ќе ви овозможи апсорпција на дел од медот низ кр-вните садови под јазикот во организмот, пред да стигне до желудникот. Така ќе го апсорбирате најдоброто од здравите состојки на медот.
Друга опција е да растворите лажица мед во топло млеко или чај
На овој начин, се активира ензимот кој ги поттикнува антисептичките и антивирусните својства на медот, кои дејствуваат прво во усната шуплина и грлото, а потоа и во остатокот од телото. Вака се добиваат максималните здравствени придобивки од медот и зајакнување на имунолошкиот систем.
Медот кој се консумира во утринските часови ќе ви даде сила и енергија, а во вечерните часови пред спиење со млеко или чај ќе ви помогне на вас и вашите деца да имате подобар сон.
Медот не треба да се дава на деца на возраст под една година
Според најновите истражувања причината е ризикот од алергиска реакција, затоа што медот содржи мноштво на потенцијални алергени од природата на кои телото на детето не е подготвено.
Мед може да се стави на изгореници веднаш по нивното создавање, со што ќе се избегнат плускавци и лузни
Мед може да ставите и на мали рани и по-се-котини, бидејќи е антисептик. Со ова ќе направите стерилизација и ќе ја намалите локалната бол-ка.
Никогаш не го изложувајте медот на високи температури
Медот ги губи лековитите својства кога ќе се изложи на висока температура. Затоа не ставајте мед во колачи или јадења кои се печат, ако не сакате да ги изгубите неговите лековити својства (освен ако сакате да постигнете арома).
Самиот мед не го печете или загревајте на висока температура. Многу топол или запечен мед станува штетен, бидејќи создава леплива токсична маса која го затнува дигестивниот тракт и цревата.
Медот ги губи лековитите својства на температура поголема од 40 степени, затоа ставете го само кога чајот ќе се олади или ќе биде издржливо топол (слично на телесната температура) за да го задржи својот лековит ефект.
Медот по можност земете го со дрвена, порцеланска или со пластична, но не и со метална (железна) лажица.
Медот со кристализација не ги губи лековитите својства
Тоа е само природен процес кој се јавува кога медот се чува на пониска температура. Рокот на траење на добро затворениот мед е неограничен.
Мед со куркума: Најмоќниот антибиотик на светот кој дури ни докторите не можат да го објаснат
Во моментов куркумата е најраспространетиот зачин на светот. Луѓето главно го користат во кујната поради единствениот вкус, но веќе со векови се користи и во природната медицина. Исто така, нејзината боја е единствена.
Луѓето најчесто ја користат куркумата за дигестивни пречки, рани, проблеми со желудникот и цревата, мали посекотини и повреди на мускулите. Бројни научни студии ја потврдија лековитоста и позитивните дејства кои куркумата ги има врз нашето здравје. Зачинот содржи активно соединение куркумин, кое има способност да ги намалува воспаленијата, но и да лекува многу дигестивни пречки.
Според некои експерти, куркуминот исто така, може да им помогне на луѓето да го спречат ракот. Изобилува со антигабични и антибактериски својства кои можат да ни помогнат во борбата против бројни болести. Истражувањето тврди дека куркуминот може да помогне при силни воспаленија.
Исто така, ја заштитува нашата ДНК. Влијае врз 700 гени во нашето тело и лекува повеќе од 160 здравствени проблеми. Неговите антивоспалителни својства можат да ни помогнат да излекуваме состојби како што е остеоартритисот.
Многу експерти тврдат дека куркумата може да ни помогне да ги лекуваме проблемите со црниот дроб, проблеми со белите дробови и дишењето, автоимуни пореметувања и невролошки проблеми.
Исто така, содржи едно соединение кое се нарекува турмерон, кое може да послужи и како природен лек против Алцхајмерова болест. Може да ја подобри функцијата на мозокот и да ги поправи мозочните клетки.
Многу е силни антиоксидативните и антиинфламаторните својства на куркумата кои можат да помогнат во лекувањето на многу видови рак, како што се: рак на желудник, дојка, бели дробови, црн дроб и дебело црево. Ова е одлично, бидејќи здравите клетки ги остава недопрени, а ги уништува само малигните.
Куркумата има подобар ефект доколку се комбинира со мед. Оваа комбинација може да помогне во борбата против бројни бактерии, а ќе ги сочува добрите бактерии во цревото.
Потребни состојки: 1 лажица куркума во прав, 100 г мед.
Постапка: Измешајте ги состојките во една стаклена тегла. Консумирајте по една мала лажичка на секој еден час доколку сте настинати. Следниот ден земете по една лажичка на секои два часа. Следниот ден по лажичка трипати на ден. Мешавината не ја голтајте веднаш доколку имате воспаление на грлото, туку оставете полека да се топи во устата. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.