Ако еднаш го направите и пробате, ќе стане ваш омилен рецепт.
Потребни состојки:
1 шолја шеќер
1 шолја брашно
1 шолја кокосово брашно
1 шолја масло
1 шолја млеко или јогурт
1 шолја гриз
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
3 јајца
За сируп:
2 шолји шеќер
1 шолја вода
2 лажици сок од лимон, портокал или ружина вода
Постапка:
Изматете јајца со шеќер и додадете ги останатите состојки. Излејте ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу половина час.
Во меѓувреме подгответе го сирупот од шеќер и вода: кога ќе зоврие додадете сок од лимон и гответе уште околу 1-2 минути.
Врелиот колач прелијте го со сирупот и оставете добро да излади. Потоа сечете на коцки.
Јас користев половина шолја масло, а во сирупот ставив само една шолја шеќер и тоа ми беше доволно слатка. Во некои рецепти пишува дека може да се додадат и цели падеми пред печењето.
Шолја = 250 мл.