Хелико бактеријата (helicobacter pylori) е грам негативна бактерија која има облик на спирала. Шири инфекција во желудникот и дванаесетпалечно црево.

Многу болести на овие органи се тесно поврзани со присуство на бактеријата во организмот. Со консултација на лекар, ќе добиете адекватно лекување.

За лекување на хелико бактерија се препишуваат специјални антибиотици и пробиотици. Третмонот на лекувањето трае околу две седмици.

Покрај современата медицина, во лекувањето на оваа бактерија може да ви помогнат и природни лекови кои даваат одлични резултати.

Пред да го започнете лекувањето, мора да ја одредите киселоста на желудечниот сок.

При зголемена киселост корисно е ленено семе, сок од компир и билковен чај.

ЛЕНЕНО СЕМЕ

1 лажица ленено семе прелијте со 200 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 2-3 часа.

Процедете и земајте по 1 супена лажица пред секој оброк. Вака добиената слуз има позитивно влијание на желудникот, бидејќи ги обложува ѕидовите на желудникот и ја намалува болката.

СОК ОД КОМПИР

За да го приготвите сокот земете три компири со средна величина, добро измијте ги и излупете ги, па ставете ги во соковник. Добиениот сок се консумира по половина чаша пред оброк. Делува смирувачки за желудникот и ја намалува болката.

БИЛКОВЕН ЧАЈ

За приготвување на овој чај, ќе ви бидат потребни по една чајна лажичка од следниве билки: росопас, камилица, кантарион и ајдучка трева. Добиената мешавина прелијте ја со половина литар зовриена вода.

Поклопете и оставете да отстои еден час. Процедете. Консумирајте во мали дози (50 мл) половина час пред јадење.

Ако имате намалена киселост, лекувањето на хелоко батерија се изведува со помош на сок од зелка.

СОК ОД ЗЕЛКА

Исцедете сок од помала главица зелка. Консумирајте по половина чаша еден час пред оброк. Сокот од зелка е погоден за обновување на ткивото.

Во двата случаи (кај зголемена или намалена киселост) направете смеса, која одлично го штити желудникот и ги намалува болките.

Земете по 1 лажица мед, путер, какао во прав, горчлив дрен, масло и 1 јајце. Сето добро промешајте го. Земајте по 1 лажица пред јадење, трипати дневно. Смесата се чува во фрижидер.

Најефикасен третман во лекувањето на хелико бактерија е користење на прополис и поленов прав. Најдобри се природните лекови кои поседуваат антимикробно дејство и можат да ја уништат болеста во нејзиниот „корен“. Но, прополисот и поленовиот прав се разликуваат во начинот на користење.

ПРОПОЛИСОТ е најдобро да се користи во облик на алкохолна тинктура (капки прополис). Земајте по 10 капки со една чаша вода, пред секој оброк.

Третманот се завршува кога ќе испиете 100 мл од тинктурата. Не консумирајте прополис додека пиете антибиотици.

ПОЛЕНОВ ПРАВ се консумира во свеж облик. Само се џвака, по 10 мг дневно. Најдобро е да се џвака после оброк.

Секако, не заборавајте и на исхраната. За време на лекувањето немојте да јадете солена храна, пржена, зачинета, масна и лута храна. И вашиот желудник нема да ви прави никакви проблеми.