Алое верата е дар од природата со бројни лековити својства. Особено е лековита кај изгореници од сонце со речиси инстант ефект.
Меѓутоа, освен што е лековита, оваа билка поседува чудотворни својства за регенерација на ткивото, па затоа се користи и во козметичката индустрија за производтсво на креми кои ги пеглаат брчките.
КАКО САМИ ДА СИ НАПРАВИТЕ КРЕМ ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА
Потребна ви е билката алое вера (Aloe barbadensis). При ракување со билката, важно е убаво да ви бидат измиени рацете, како и приборот со која ќе ракувате, за да не дојде до контаминација.
Исечете еден надворешен лист од постара билка, одберете постар и позрел лист. Во него ќе јадете доволно свеж и здрав гел.
Бидејќи гелот лесно се расипува, најдобро е да го приготвите во помала количина, приближно околу 50 – 100 мл гел. Кога ќе ја пресечете билката, веднаш од неа потекува гелот, па така листот поставете го 10-тина минути врз некоја чаша да се цеди. Потоа излупете го листот внимателно, додека да дојдете до проѕирниот гел.
За да се сочува на подолг период, нејдобро е гелот да се помеша со витамин Ц или некој друг конзерванс. Така, на секои 25 мл гел се додава по 500 мг витамин Ц или неколку капки масло од витамин Е. Измешајте ги состојките во блендер и складирајте го во соодветен сад.
Доколку користите витамин Ц или витамин Е, рокот може да трае до месец-два во фрижидер. Ако се чува чист гелот, тогаш има рок од една седмица.
УПОТРЕБА:
Може да се користи кај изгореници од сонце, за хидратација на кожата, при различни иритации и повреди.
Од овој гел може да се приготви лековит хидрантен лосион за масажа: измешајте 50 мл гел од алое со 25 мл растопено кокосово масло.
ЗА ПЕГЛАЊЕ БРЧКИ
-измасирајте малку гел директно врз кожата. Направете го тоа со нежни кружни движења, со јагодиците од прстите, во траење од три минути.
На една чајна лажичка гел додадете една капсула витамин Е. Измешајте добро и користете за масажа на местата каде се појавуваат брчките.
Оваа масажа повторувајте ја секојдневно секоја вечер пред спиење. За само неколку денови ќе забележите подобрување.
Алое верата има различни лековити дејства:
-Ја хидрира кожата
-лекува изгореници
-ги намалува воспаленијата
-ако се консумира орално, помага во дигестија
-за желудочни проблеми
-алергија и астма
-подобрува раст на коса