Новогодишната елка не е само убава декорација, туку и вистинска домашна аптека. Рускиот билкар Димитиј Јуровски советува: не фрлајте ја елката после празниците. Подобро е да ја…изедете! Бидејќи од игличките, гранките и смолата лесно можете да направите мед, чај и еликсир за лекување на многу болести.
Елката може да исполнува желби – во случај ако најмногу посакувате да бидете здрави. Настинка, бронхитис, тубеколоза, артритис, габични инфекции, ревма – ова е само дел од списокот на болести, кај кои помагаат лекови од елка и бор.
-Игличките претставуваат богат извор на витамини и минерали: на пример, концентрацијата на витамин Ц во нив е 10 пати поголема отколку во лимонот – нагласува Димитриј Јуровски.
-Елка, бор, смрека и останатите четинари имаат антисептичко дејство, помагаат во искашлување, го запираат крвавењето и го намалуваат воспалението. Во некои случаи одварот од борови гранки се користи за лекување на рак.
ВИТАМИНСКИ ЧАЈ ОД ИГЛИЧКИ
Една супена лажица иситнети иглички од елка прелијте со една чаша зовриена вода. Оставете еден час покриено, па процедете. Консумирајте половина чаша од напитокот, пред оброк, трипати дневно.
Овој чај помага за лекување на полипи во матката. Покрај тоа, го зајакнува имунитетот и го снабдува организмот со витамини во зимскиот период.
СОК ОД ЕЛКА
Ако патите од хронично воспаление на црниот дроб, направете сладок напиток од иглички. Во 2 литри изладена провриена вода додадете 1 кг шеќер и 1 кг иситнети иглички од елка. Сето добро промешајте го, херметички затворете и оставете да отстои 10 дена на топло место. Консумирајте 200 мл половина час пред оброк, трипати дневно.
ЛЕКОВИТА СМОЛА
Во маслиново масло додадете борова или елкова смола и пчелин восок во однос 1:1:1. Смесата ставете ја на слаб оган да проврие околу 10 минути, постојатно тргајќи ја пената.
Изладениот мевлем се користи како средство за зараснување на рани. Чистата рана намачкајте ја со тенок слој мевлем па покријте со антисептички завој. Повторувајте ја процедурата секојдневно.
ЕЛИКСИР ЗА СРЦЕ
Како да се зајакне срцето и крвните садови? Заменете го секојдневното кафе со овој напиток. Пет лажици иситнети борови иглички, 2 лажици шипинки и 2 лажици лушпи од кромид прелијте со 1 литар вода. Гответе 10 минути па оставете да отстои 10 часа. Консумирајте го овој одвар наместо вода и кафе – од 0,5 до 1,5 литар дневно.
МЕД ОД ЕЛКА
Измешајте ги игличките од елка со мед во однос 1:3. Ставете ја смесата во тегла, затворете, па почекајте 21 ден да отстои. Потоа процедете. Ова средство е исклучително ефикасно против кашлица. Консумирајте половина чајна лажичка мед по 5-6 пати дневно, додека да оздравите.
Покрај тоа, медот од елка го намалува апетитот, што е важно за оние кои сакаат да ги елиминираат вишокот килограми. Консумирајте по половина лажичка мед 5 минути пред јадење и слабејте на здрав начин!
“АНТИСТРЕС” БАЊАЊЕ
Многу сте уморни или нервозни? Најдоброто средство за опуштање е бањањето со одвар од елка. Ситно исечкајте ги гранките со игличките и варете ги во шерпа со вода 5 минути. Додадете одвар пред бањањето во када и уживајте.
Оваа процедура исто така помага и кај пациенти со артритис и ишијас.
ЗЕЛЕНА МАСКА
Козметичка маска која ја обновува кожата, ја стимулира работата на епителот и ги “пегла” брчките. Иситнете иглички помечани со мед и маслиново масло. Нанесете на смесата на лице и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето и истријте го со коцка мраз.
НАПОМЕНА!
Препаратите од елка не се препорачуваат во случај на алергија, заболени бубрези, гломерулонефритис и хепатитис. Доколку имате прашања за Јуровски, испратете ги на мејл [email protected]