Доколку грипот и настинката не се излечат правилно, што значи најмалку десет дена строго мирување и одмор, ослабениот организам ќе стане идеална основа за развој на бактерии и вируси.
Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериски или вирусни инфекции на дишните органи, која е придружена со густи секрети во грлото, синусите и белите дробови, а кои се залепени за ѕидовите на нашите бронхии и многу тешко се исфрлаат.
Во остатокот од статијата ви претставуваме решенија за природно исфрлање на вишпокот слуз од белите дробови.
Дознајте кои се најдобрите чаеви, сирупи и други природни лекови за искашлување на слузта кај деца и возрасни, а кои лесно можете да ги направите дома. Секако, пред употреба на народните рецепти, препорачана е консултација и преглед од вашиот лекар.
Рецепти за природни лекови
Доколку ве мачи густа слуз во грлото и белите дробови, фитотерапевтите препорачуваат напитоци на база на лековити билки кои го поттикнуваат нејзиното исфрлање и ја ублажуваат постојаната кашлица.
Напитоците на база на корен од бел слез, жалфија, ловор и црна ротквица се користат за елиминирање на густите и насобраните секрети.
Бел слез за исфрлање на слуз кај возрасни
Една лажица сечкан корен од бел слез прелијте со 200 мл ладна вода и оставете покриено да отстои 6 до 8 часа, а потоа процедете и испијте во мали голтки. Пијте го овој приготвен чај за искашлување до двапати на ден без шеќер.
Бел слез, ленено семе и жалфија за исфрлање на слуз кај децата
Белиот слез во чајната смеса со ленено семе и жалфија се покажал како исклучително ефикасен природен лек за подобро исфрлање на слуз кај децата и возрасните.
Измешајте една лажица корен од бел слез, една лажица ленено семе и една лажица сува жалфија. Прелијте со 250 мл вода во која сте раствориле 100 г жолт шеќер. Додајте и еден добро измиен и исечкан лимон.
Гответе на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете го од оган и процедете. Земете една лажичка сируп 4 пати на ден додека да се почувствува подобрување. Сирупот е најдобро се чува во фрижидер.
Ротквица и црвен кромид
Во блендер сипете 250 мл лимонов сок, една полна шолја мед, еден црвен кромид со средна големина исечкан на парчиња, шест чешниња лук и една голема црна ротквица, излупени и исечени на парчиња.
Блендирајте додека да се добие фина хомогена смеса. Потоа складијате ја содржината во стаклена тегла и чувајте во фрижидер, па оставете да отстои една недела. После тоа, земајте го овој сируп три пати на ден, по една лажица, 30 минути пред главните дневни оброци.
Природни лекови за исклашлување на густата слуз од белите дробови и синусите
Слузта од грлото и белите дробови, како и густите секрети од синусите често ни прават големи проблеми во текот на зимата. Инхалацијата на синусите со солена вода сама по себе не е доволна за целосно да се ослободите од непријатниот секрет. Во продолжение прочитајте уште неколку одлични народни рецепти за исфрлање на секретот.
Сируп од пиво и кафеав шеќер за искашлување на слузта од грлото
Во поголем сад истурете 150 г кафеав шеќер и загрејте го на умерена температура додека да се растопи и добие боја на карамел, а потоа додадете 500 мл пиво и варете 20 минути додека да добиете сируп малку поредок од медот.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете го под капак да се олади, а потоа складирајте го сирупот во соодветна стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Земете една лажица пред најважните оброци, трипати на ден.
Природен лек за искашлување на слуз кај деца
Едно од решенијата за да се ослободите од слузот кај децата е благиот чај од липа. Ако го користите неколку дена, ќе ја ублажите кашлицата и ќе го забрзате исфрлањето на насобраниот секрет.
Овој чај го поттикнува и потењето, што е важно во случај на грип, настинка и вирози. Секогаш се пие додека е топло наутро и навечер, а се подготвува многу едноставно:
Две мали лажички цветови од липа се преливаат со 500 мл зовриена вода, па се оставаат да отстојат 20 минути, по што се процедува. Засладете го чајот со квалитетен мед, додајте сок од лимон и земајте по една кафена лажичка секогаш кога ќе почувствувате иритирачка кашлица.
Како со помош на ловоров лист да исфрлите секрет од грлото и носот?
Растопете 250 г жолт шеќер на умерена температура додека да се карамелизира. Додадете 250 мл вода, 3 лажички жалфија и 3 мелени ловорови листови. Кога ќе зоврие, варете уште 3 минути, па извадете го од шпорет и оставете го покриено да се излади.
Се чува во стаклено шише, на ладно и темно место. Консумирајте го овој препарат 3-4 пати на ден кога ќе се појави напад на кашлање. Редовно земајте го сирупот додека да се исфрли вишокот секрет.
Како да се ослободите од упорната кашлица – рецепт
Во неоштетен емајлиран sad сипете три лажици ленено семе и 500 мл вода, па варете на умерена температура 10 минути. Потоа додајте една лажица сува мајчина душица, и оставете поклопено уште 20 минути. После тоа, процедете и пијте по една голтка загреан чај неколку пати на ден.