КАКО ДА ИСПЕЧЕТЕ ЦЕЛИ КОМПИРИ…однадвор крцкави, а однатре меки и сочни…Брзо и лесно…За овој рецепт потребен ви е Air fryer – готвење со жежок воздух…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 големи компири
масло, сол
2 лажички путер/маргарин

ПОСТАПКА:

1.Компирите добро измијте ги сосе лушпа, избришете ги и избоцкајте ги со виљушка. Потоа ставете ги во микробранова печка 5-6 минути.

2.Посолете ги и премачкјате ги со масло, па ставете ги во air fryer 10 минути на 200 степени Ц (400 Ф).

3.Засечете ги на половина колку да можат да се отворат, па внатре ставете по една мала коцкичка путер. Зачинете по вкус и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.