Лекувањето на панкреасот не е секогаш едноставно, ниту лесно, бара посветеност и големо долговремено внимание и претпазливост.
Затоа приготвивме четири рецепти од народната медицина кои можат да помогнат во решавање на проблемите со овој многу важен орган.
Панкреасот е витален орган кој учествува во процесите на варење на храната и метаболизмот. Панкреасот произведува многу важни ензими, вклучително и хормонот инсулин. Тој е задолжен за регулација на шеќерот во крвта.
КАКО БОЛИ ПАНКРЕАСОТ?
Се јавуваат болки во хипохонриумот од двете страни (подребрена област); гасови и подување на стомакот; дијареа; често подригнување; мачнина.
ЛЕКУВАЊЕТО на панкреасот мора да се изведе брзо и сигурно за да се одбегне дијабетесот. Ова се 4 народни лекови кои можат да помогнат во лекувањето на панкреасот.
СЕМЕ ОД КОПАР: Една лажичка копар прелијте со 200 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да се кисне еден час. Процедете и пијте го во голтки во текот на целиот ден.
ОВЕС: Во било кој облик да го приготвите овесот, ќе го излекувате панкреасот. Варете обична овесна каша (никако инстант), но немојте да ја зачинувате, туку јадете ја само варена и тоа секој ден, во текот на 7 дена. Најдобро е оваа каша да ја јадете без зачини наутро, за појадок.
ЛИМОН, МАГДОНОС И ЛУК: Потребни состојки: 300 г лимон, 100 г лук, 100 г свеж магдонос. Постапка: Сите состојки сомелете ги додека да добиете хомогена смеса. Потоа смесата чувајте ја во фрижидер.
Користете по една мала лажичка од оваа смеса 3 пати на ден, 15 минути пред јадење. Користете го овој лек цели три месеци, а потоа направете пауза од 2 месеци, па може да го повторите процесот доколку сè уште имате болки во панкреасот.
ХЕЉДА: Секој ден консумирајте хељда потопена во кефир и тоа двапати дневно (појадок и вечера) и така 10 дена. Измиената хељда потопете ја во шолја кефир и оставете ја преку ноќ во фрижидер, па наутро користете ја. После 10 дена консумација на хељдата, направете пауза од 10 дена, па повторете ја постапката.