За сите љубители на шербетните колачи, запишете си го овој рецепт за кадаиф кој го нашите баби не пропуштаа да го направат за секој празник. Потребни состојки: 1 пакување кадаиф, 200 г путер, 5 лажици масло, 400-500 г ореви. За шербет: 1 кг шеќер, 3 парчиња лимон и вода.




Постапка: путерот и маслото загрејте ги додека путерот да се растопи и одржувајте го топол на врелиот шпорет. Оревите крупно сомелете ги, а доколку не можете, тогаш половина сомелете ги, а половина исечкајте ги на даска со остар но-ж.




Пригответе тепсија број 30, малку подлабока. Половина кадаиф ставете во тепсијата и убаво распоредете го внимавајќи да не се искрши. Тепсијата нема потреба претходно да се масти. Една третина од врелиот путер со лажица внимателно прелијте го преку кадаифот и рамномерно распоредете ги оревите.




Остатокот од кадаифот распоредете го врз оревите и лесно со дланките притиснете за убаво да собере во тепсијата. Прелијте со остатокот од путерот и масло. Рерната вклучете ја на 170 степени на врел воздух и ставете го кадаифот да се пече околу еден час.




Ако рерната ви е пресилна, намалете ја температурата на 160 степени. Кадаифот е печен кога ќе започне да „шета” по тепсијата, т.е. кога ќе започне да се одвојува од рабовите на тепсијата. Штом се стави кадаифот во рерна, се започнува со приготвувањето на шербетот.




Сирупот мора да биде густ и тоа е од клучна важност за успешно приготвен кадаиф. Во тенџере ставете го шеќерот и додајте вода толку колку да биде потопен шеќерот и еден прст одозгора. Се додава и малку лимон исечен на тркалца.




Кога сирупот ќе зоврие, се намалува температурата и се вари уште 15 минути. Потоа се исклучува ринглата и се тенџерето се трга на страна. Кога кадаифот е печен извадете го од рерна и оставете го 10-тина минути да излади.

Фотографија на Нермина Јордамовиќ




Шербетот е уште топол, па со куплача за супа полека полијте го кадаифот. Полијте го со три полни кутлачи, полевајќи во тенок млаз, полека и рамномерно. Шербетот повторно вратете го на оган и оставете да врие уште три минути, па повторно тргнете го од оган и додека е врел, на ист начин како претходно, полијте го кадаифот.




Повторно три кутлачи и многу тенок млаз. Остатокот оставете малку да излади пред целосно да го прелиете кадаифот. Најдобро е тоа да се направи со лажица. Шербетот нема да зашеќери поради лимонот.




Оставете го кадаифот да излади на собна температура, покријте го со фолија и оставете го во некоја ладна просторија, па потоа во фрижидер. Напомена: Можеби ви изгледа комплицирано, но навистина не е. Единствено бара време и посветеност. Се послужува добро изладен. / Блуес / Сооlinarika.com