Фото и рецепт: Јулија Вељиќ
Ова е качамак по рецептот на мојата баба, прилагоден на рингла со плин – а уште е поубав кога се крчка на шпорет со дрва. Користев емајлирано тенџере со дебело дно.
Потребни состојки:
500 г излупен компир
1 полна супена лажица маст или путер
350 г бело пченкарно брашно
1 чајна лажичка сол
300 г кајмак, полномасно сирење и павлака по желба (јас користев полномасно сирење со кисела павлака)
Постапка:
Компирот ставете го со 700 мл вода и лажица маст/путер да зоврие, па намалете го огнот на најтивко. Компирот треба да биде распореден покрај ѕидовите на тенџерето.
Врз компирот рамномерно истурете го пченкарното брашно, но ќе внимавате средината на тенџерето да остане празна.
Поклопете со капак кој добро дихтува со тенџерето и оставете така на тивок оган, да се вари еден час.
Кога ќе биде готово, изедначете го, испасирајте го заедно со компирот и убаво промешајте. Со кутлача вадете топки, а во секоја топка правете вдлабнување.
Полнете ги топките со кајмак (најдобро да биде што пожолт како путер, сирење и павлака по желба. Послужете со јогурт или по желба.
Фото и рецепт: Јулија Вељиќ