Понекогаш е доволна ситница за да ве потсети на некои дамнешни, убави и среќни времиња. мене овој колач ме потсети на времето кога без седмо одделение основно училиште, кога кај братучетка ми го пробав овој колач и тогаш сметав дека ова е најдобриот колач кој постои во светот.

Тоа е воедно и првиот колач кој некогаш го имам направено, а сега се сетив на него и повторно го направив, па ме врати во убавите спомени од моето детство. Ако досега не сте го испробале, направете го во првата можност. Кај мене е запишан како „југословенски колач“, но може да се најде и под називите „едноставен колач со јаболка“. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 (на Дука) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г брашно, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 120 мл масло за готвење, 4 јајца, 200 г остро брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 135 мл вода, 1 литар вода, 200 г шеќер, 1 кг јаболка, 2 кесички пудинг од ванила (80 г), слатка павлака за шлаг

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Дани) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл): 3 јајца, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 1.5 чаша шеќер, 1.5 чаша брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г). За крем: 1 кг излупени јаболка, 300 г шеќер, 800 мл вода, 2 кесички пудинг од ванила, 2 кесички шлаг

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (на Рузмаринка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 180 г шеќер, 300 мл млеко, 200 мл масло, 300 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво. За фил: 1 кг лупени јаболка, 1 литар вода, 2 кесилчки пудинг од ванила (80 г), 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 6-7 лажици шеќер, 400 мл слатка павлака за шлаг

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: во посебни садови одделете ги жолчките од белките. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата додека да станат кремасти, а шеќерот да се растопи.




Постепено додавајте го маслото, водата и на крај брашното помешано со прашокот за печиво. Со дрвена лажица или шпатула додајте го снегот од белки, на неколку наврати и мешајте полека за да се сочува пенливоста.




Оваа смеса излејте ја во плех од рерна обложен со хартија (40х30 см) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. проверете со чепкалка дали е испечен. За тоа време излупете ги јаболката и исечете ги на тенки плочки, па ставете ги да се готват со шеќер и вода.




Јаболката треба добро да се сварат и омекнат ако сакате да се растопат во смесата. Настрана разматете го прашокот за пудинг, па додајте го во јаболката и варете го кремот со непрекинато мешање додека да ја постигне потребната густина.

Кремот со пудинг и јаболка излејте го врз печениот бисквит. Кога колачот ќе се олади, декорирајте го со шлаг пена или излатена слатка павлака. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Одвојте ги белките од жолчките. Во жолчките додајте шеќер и добро изматете, потоа додајте масло, млеко и сите останати состојки. На крај со лажица вмешајте го снегот од белки. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.




Додека се пече тестото, јаболката излупете ги, исечкјате ги на тенки парчиња и ставете ги да се сварат во водата заедно со шеќерот. Кога ќе омекнат јаболката процедете ги или извадете ги со решеткава лажица, а во водата сварете го пудингот.

рецепт 2




Врз изладениот испечен бисквит наредете ги процедените јаболка, а преку нив излејте го сварениот пудинг. Кога ќе се олади, колачот премачкјате го со изматен шлаг според упатството на кесичката. Оставете го колачот во фрижидер, добро да се олади пред послужување. Следи постапката за третиот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 3: Пенасто изматете 3 жолчки со 180 г шеќер, па полека додајте 200 мл масло, 300 мл млеко, 300 г брашно, прашок за печиво и на крај со лажица промешајте го снегот од белки. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех и ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, половина час.

Јаболката излупете ги и исечете ги на парчиња, па варете ги 15 минути во 1 литар вода (внимавајќи парчињата да останат цели и да не се распаднат при варењето). Извадете ги јаболката и распоредете ги врз печениот и оладен бисквит, па наросете ги одозгора со банилин шеќер.

Во преостанатата вода сварете ги пудинзите со шеќерот. Врелиот пудинг прелијте го преку јаболката. Изматете 400 мл слатка павлака во шлаг, па премачкјате го оладениот колач и дополнително оставете го да отстои во фрижидер пред послужување. / Сооlinarika.сom