Кога надвор е многу топло сите сакаме некој убав десерт кој ќе нè освежи. Јогуртната торта е вистинското решение. Не треба да стоите долго врз шпоретот, доволно е за две-три минути да ги изматите состојките и да ги соединете во еднолична смеса, која потоа ја излевате во калап и печете.




Идеално би било кога не би морало воопшто да се вклучува рерната, но сепак оваа торта се пече. Но, тоа не би требало да ви претставува проблем. Кога ќе ја вклучите рерната да се пече колачот, вие можете да одиет во другат просторија која е климатизирана.




Сигурни сме дека ќе уживате во вкусот на овој освежителен десерт, и секој што го проба, ќе ви побара рецепт. Ако сакате да го засладите, можете да додадете уште шеќер во јогуртот.




Веќе го има во поголемите супермаркети и во засладена форма. Има убава густа конзистенција која наликува на кисела павлака или крем сирење. Доколку не можете да најдете ваков јогурт, тогаш послужете се со кисела павлака/густ јогурт, но додајте и повеќе шеќер. Колачот можете да го послужите со домашен ладен чај од праска.




Потребни состојки: 400 г густ јогурт, 4 јајца, 40 г пченкарен скроб/густин. Постапка: во подлабок сад истурете го јогуртот па разматете го кратко со жица маталка. Потоа додајте четири јајца, па соединете ги со јогуртот.




Во изедначената смеса додајте го просеаниот пченкарен скроб, па продолжете со матење додека да добиете хомогена смеса. Излејте ја калап за торти со пречник од 18 см, претходно обложен со хартија за течење.




Неколку пати потчукнете го калапот за да излезат евентуалните меурчиња од смесата и таа рамномерно да се распореди. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу половина час до 40 минути.




Печениот колач извадете го од рерната и почекајте целосно да се олади пред да го извадите од калапот и да ја отстраните хартијата. Потоа можете да го послужите. Многу е вкусен и така да се јаде, а може дополнително да го наросите со шеќер во прав или некој овошен прелив по желба.




Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.