Home Рецепти Јогуртен колач со вишни: имам повеќе рецепти, но овој е најдобриот, вишните...

Јогуртен колач со вишни: имам повеќе рецепти, но овој е најдобриот, вишните не пpопаѓаат!

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Имам повеќе рецепти за овој колач, но токму овој е навистина најдобриот и со структурата а и вишните не пpопаѓаат на дното.

Потребни состојки:

2 јајца
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
200 г јогурт
100 г масло
275 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
400 г вишни

Постапка:

Со жица или со миксер добро изматете: јајца, шеќер, ванилин шеќер, додека да згусне, а потоа додајте гyст јогурт и масло. Додајте брашно измешано со прашок за печиво.

Сето соединете го во мазна смеса. Претходно загрејте ја рерната на 200 степени. Плех 30х20 см малку намастете го и набрашнете го.

Излејте ја смесата и одозгора наф[лете исцедени вишни, па малку притиснете. Печете на 180 степени околу 30 минути.

Изладениот колач наросете го со шеќер во прав. Тестото е одлично и вишните не пропаѓаат на дното.

Мерка за поголем плех 35х22:

3 јајца
200 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
300 г јогурт
150 г масло
412 г брашно
1 кесичка прашок за печиво

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ