Ако на некој колач му одговара фразата „едноставно и вкусно“, тогаш тоа важи за оваа јогурт пита. Штом ќе го прочитате рецептот ќе се уверите дека воопшто не е тежок за приготвување. А добивате врвен колач кој мами со својот изглед, мирис и вкус.

Потребни состојки:

170 г путер

250 г брашно

1 прашок за печиво

100 г шеќер

1 ванилин шеќер

4 жолчки

За ФИЛ:

4 белки

100 г шеќер

3 чашки јогурт

2 чашки кисела павлака

5-6 лажици брашно

Кора од непрскан лимон

Постапка за приготвување на тестото:

Изматете го путерот со шеќерот, додадете жолчки, а потоа брашно измешано со прашок за печиво.

Тестото поделете го на два дела. Еден дел развлечете го, па ставете го во калап да се пече, а вториот оставете го во фрижидер.

Постапка за приготвување на филот:

Белките изматете ги со шеќер и додадете рендана лимонова кора. Во друг сад промешајте јогурт и кисела павлака, а потоа со постојано мешање (за да нема грутчиња), додадете брашно. На крај додадете ги и белките во оваа смеса.

Тестото во калапот ставете го во загреана рерна на 180-200 степени и печете 10-тина минути. Извадете, па врз запеченото тесто истресете го филот, израмнете и вратете во рерна да се фати коричка.

Повторно извадете од рерна. Извадете ја од фрижидер втората половина од тестото , па изрендајте ја преку филот. Вратете во рерна па до крај испечете.