Јогурт коцките со гриз ќе ве воодушеват со вкусот и брзината со која се приготвуваат. Ова е рецептот за пита со јогурт, гриз и сирење, за која ви се потребни само 5-10 минути да ја приготвите.
Потребни состојки:, 1 пакување готови кори за пита (500 г), 3 јајца, 2 чаши (од 200 мл) јогурт, ½ чаша масло, 1 чаша гриз, 130 г сирење (фета или друго, по ваш вкус), 1 лажичка сол, 2 лажички прашок за печиво
За прелевање: 1 јајце, ½ чаша јогурт, 1/3 чаша масло, 1/3 чаша млеко, сусам за наросување Постапка: Во еден сад скршете три јајца и изматете ги со жица за матење. Во јајцата додадете две чаши јогурт, 130 г фета или некое друго меко сирење претходно изгмечено со виљушка.
Во смесата додадете половина чаша масло, две лажички прашок за печиво или сода бикарнона, една лажичка сол или по вкус. На крај додадете една полна чаша гриз и убаво промешајте со лажица за да се соединат состојките. Плех со средна величина (33х22 см) намастете го.
Во плехот ставете една кора (половина кора), намастете ја па преклопете ја со втората половина. Тргнете на страна две кори кои ќе ви бидат потребни на крајот. Ролната од кори (каква што е кога ќе ја купите), пресечете ја на три или повече дела. Сечканите делови од корите нафрлете ги во смесата од јајца и промешајте за да ја впијат течноста.
Важно е убаво да се промеша за да не останат корите залепени ниту суви, а потоа смесата излејте ја во претходно обложениот плех (со една кора). Преку смесата ставете ги оние две кори кои претходно ги тргнавте на страна, намастени помеѓу. Со остар нож исечете ја питата на коцки.
Во истата чинија каде се мешаше филот со јајца, ставете половина чаша јогурт, едно јајце, нешто помалку од половина чаша масло и исто толку млеко. Потоа измешајте ја смесата убаво со жица и прелијте ја одозгора врз питата, наросете сусам или семки по желба.
Ставете да се пече околу 25 минути во претходно загреана рерна на 190 степени додека убаво да зарумени. Деталите можете да ги погледнете во видеото: