ЈОГУРТ КОЦКИ ПО ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ, едноставен и вкусен – милина за душата. Рецепт на Петра и Филип од каналот Куфер Полн Рецепти. Рецепт за оригиналeн старински колач кој се подготвува брзо и лесно.

Tестото излегува крцкаво и вкусно, а ако досега не сте работеле со вакво тесто, не треба да ве фаќа паника. Едноставно следете ги упатствата и тестото ќе ви излезе совршено, како што треба да излезе.




Потребни состојки за крцкаво тесто: 170 г маргарин, 4 жолчки, 100 г шеќер, 250 г мазно брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, малку изрендана лимонова кора.

За фил: 3 чаши јогурт (околу 550 мл), 2 чаши густа павлака (хопла), околу 360 мл, 100 г меко брашно, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, снег од 4 белки и половина лажичка сол.




Постапка: Рецептот ќе го објаснам детално, така што и почетници ќе можат да го направат. Jajцата треба да се одвојат посебно белките од жолчки, а претходно треба да бидат отстојани на собна температура.

Жолчките се користат за подготовка на крцкавото тесто, а белките за подготовка на филот. На белките им се додава прстофат сол, па се матат неколку минути додека да се формира цврст снег.




Белките ставете ги во фрижидер, а во меѓувреме подгответе го тестото. Во жолчките додајте го маргаринот, исто така претходно отстојан на собна температура. Важно е маргаринот да е мек за полесно да го направите тестото. Оптимално би било да го извадите од фрижидер најмалку 2 часа пред да го подготвувате колачот.




Изрендајте малку лимонова кора во тестото и изматете ги сите состојки со миксер. На крајот се додаваат сувите состојки. Најпрво додајте го шеќерот, мазното брашно, 1 кесичка прашок за печиво и 1 кесичка ванилин шеќер.

Се соединете со лажица, а потоа замесете го тестото со раце. Доколку маргаринот е претврд, ќе ви биде потребно повеќе време за да го подготвите тестото. Ако маргаринот е омекнат, тестото ќе се лепи помеѓу прстите.




Кога ќе го замесите тестото, поделете го на 2 дела, така што едниот дел ќе биде малку поголем од другиот. Поголемиот дел ставете го во фрижидер, а помалиот дел ставете го во замрзнувач најмалку 1 час.

Кога ќе се осигурате дека тестото е доволно ладно, започнете со подготовка на филот. Во подлабок сад ставете го јогуртот, шеќерот, 1 кесичка ванилин шеќер и на крајот додајте ја хоплата. Сите состојки изматете ги со миксер до соединување.




Потоа додајте го снегот од белки кој на почетокот го подготвивте, но не соединувајте со миксер. Со помош на шпатула, нежно мешајте до соединување за кремот да остане лесен и мек.

Тепсија со димензии 17×28 см обложете ја со хартија за печење, но кој било калап со слични димензии може да послужи. Не користете премал калап бидејќи тестото ќе излезе многу високо и нема добро да се испече одвнатре.




На дното од тепсијата, добро распоредете го тестото по целата површина. Доколку тестото е премеко, вратете го во фрижидер уште малку да се стврдне или со помош на брашно развлечете го со раце во тепсијата.

Внимавајте тестото да биде еднаква величина по целата должина на калапот, а одозгора прелијте со белиот фил. На врв од колачот изрендајте малку од замрзнатото тесто, а додека се пече, тестото на врвот ќе почне да се топи, па повремено вадете го од рерна и рендајте од претходно замрзнатото тесто.




Колачот се пече околу 30 – 40 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Колачот повремено проверувајте го, а времетраењето на печење зависи од рерната. Важно е да добие златна боја на површината и да не се тресе кога ќе го извадите од рерна.




Додека е се уште топол, колачот може малку да се тресе кога ќе го извадите од рерна, но откога ќе се излади тоа не треба да се случи доколку е доволно испечен. Колачот се лади на собна температура, а потоа се остава да отстои во фрижидер уште неколку часа.

Одозгора наросете со шеќер во прав и сечете на помали коцки за послужување. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.