Овие погачици ги правам редовно долги години за родендени, но и како „викенд грицкалици“, затоа што се приготвуваат многу брз, лесно и на наједноставен можен начин, а излегуваат доста.




Сите се сладиме во нивниот вкус, после печењето се меки како памук и убаво нараснати, иако во тестото не се става ниту квасец, ниту прашок за печиво. Ќе ви откријам неколку варијанти на рецептот според кој ги приготвувам овие одлични печива.




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г фета сирење, 250 г маргарин, 300-350 г брашно и уште: 1 јајце за премачкување (може да се премачкува и само со масло), сол ако сирењето не било солено и по желба сусам за наросување.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 45 г брашно, ½ лажичка морска сол, 30 г путер, 55 г чедар кашкавал, 1-2 лажички вода; се печат на 180 степени – 8-10 минути. Ако ви се чини дека состојките се малку, можете да ги зголемите и да направите двојна или тројна доза.




ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 1: Изронете го сирењето, додајте го маргаринот омекнат на собна температура па со рака измесете додека да се соединат двете состојки. Потоа започнете постепено да го додавате брашното.




Продолжете со месење додека да добиете компактно тесто. Оставете го покриено да отстои во фрижидер околу половина час. Потоа развлечете не многу тенка кора, па вадете ги погачиците со чаша или сечете коцки.




Погачиците редете ги во плех обложен со хартија за печење или намастен со масло или маргарин, па оставете ги 10-тина минути, таман додека да се загрее рерната на 200 степени. Одозгора премачкјате ги со изматено јајце и печете ги 20-тина минути или додека да заруменат.




ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2: Во мултрипрактик или во сад за матење ставете брашно, путер омекнат на собна температура и рендан кашкавал. Изматете неколку минути додека (неколку пулса) додека да се соединат состојките. Ако има потреба во смесата додајте две лажички вода, па уште еднаш измиксајте.




Од добиената смеса формирајте топка, завиткајте ја во проѕирна фолија, сплоснете ја малку со рацете да добиете квадрат и оставете го тестото да одмори во фрижидер 30 минути за да се стегне (поради путерот што го содржи).




Потоа стегнатото тесто развлечете го во не премногу тенка кора со помош на оклагија, најдобро помеѓу две фолии (или барем одозгора да има фолија, за полесна работа) или врз малку набрашнета работна површина.




Потоа со модла вадете форми и фигури по ваша желба и редете ги во плех обложен со хартија. Остатокот од тестото повторно соединете го и повторете ја постапката додека сето да го потрошите. Крекерите печете ги во загреана рерна на 180 степени 8 до 10 минути.