Со зголемената достапност на инстатнт информациите кои можат да се добијат на интернет, многумина го земаат сопственото здравје во свои раце, прават истражувања и самите се лекуваат.​

Несомнено, новата ера на информации донесе нови начини за гледање на нештата. Може да се каже дека тоа од една страна е благослов а до друга- проклетство.

Понекогаш имаме тенденција да мислиме за себеси како за експерти, а со тоа ги навредуваме лекарите кои поминале години и години во изучување и проучување на медицината:

1.ЈАС „ГУГЛАВ“

„…Информациите не се знаење или разбирање. И од двете се бара објективност, баланс, поглед од височина и толкување. Нашата култура рутински го споредува пристапот до информациите, а тоа е многу скапа грешка во здравството. Многу време и енергија се трошат овие денови за разговор со пациенти кои се полни со дезинформации…“, вели директорот од Универзитетот Јеил од Центарот за истражување, Дејвид Л.Кац, MD.

Информациите се добра работа, но прочитувањето на една книга не може да ве напрви експерт. Вашиот лекар сеуште е подобро информиран за човечкото тело (биологија) од просечните лаици. Коментирајте со вашиот лекар околу вашите сомневања. Дискутирајте и информирајте се од него. (враќање на превентабилни болести)

2.МИ ТРЕБААТ АНТИБИОТИЦИ

Цк, цк, цк. На четворица до пет американци ќе им биде потребен најмалку по еден антибиотик годишно. И во Македонија здравствените работници постојано апелираат да не се користат антибиотици на своја рака. Повеќето од овие антибиотици не се неопходни. Не одете во ординација кај вашиот лекар за да барате антибиотик, затоа што не е индициран за секоја болест или состојба. Кога лековите премногу се користат, тие ја губат својата ефикасност.

Вирусите не реагираат на антибиотици и повеќето луѓе кои се во добра здравствена состојба, можат да се борат со секојдневните болести без лекови (кои пак, развиваат природна отпорност).

Денес светот се наоѓа во состојба во која бактериите се побрзо се адаптираат на лековите. Затоа нив треба да ги употребуваме само кога навистина ни се неопходни, а тоа е важно како за индивидуата, така и за целата светска популација.

Водењето нормален живот, земање редовно витамин Ц, здрава исхрана и активниот начин на живот ќе ве подготви да им се спротивставите на болестите. Постојат и бројни природни лекарства кои се ефикасни исто како антибиотиците.

3.СИТЕ ЈАГЛЕХИДРАТИ СЕ ЛОШИ ЈАГЛЕХИДРАТИ

Како што сите масти не се лоши масти, па така ни сите јаглехидрати не се лоши јаглегидрати. Вам ви се потребни овошјето и зеленчукот од многу причини. Ако сте загрижени за она што го јадете, научете повеќе за јаглехидратите и дневните вредности кои вам ви се потребни.

Процесуираната храна е помалку пожелна за разлика од свежата. Оставете место и за житарките. И тие се потребни. Не треба категорично да ги дефинирате одредените групи храна, пред да ги научите разликите за да можете да го направите вистинскиот избор.

4.ЈАДАМ ПОМАЛКУ И ВЕЖБАМ ПОВЕЌЕ, НО НЕ ОСЛАБУВАМ?

Немојте да се излудувате себеси, и немојте тоа да му го правите на вашиот лекар. Има многу повеќе од тоа да се изгладнувате и да го зголемувате нивото на вашата активност. За здраво губење на килограмите потребно е време, менување на стилот на живеење како и постигнување на метаболички промени. Следењето на информациите е добра работа, но неурозата не е.

5.МИ ТРЕБА НЕКОЈ ИНСТАНТ ЛЕК

Не постои една пилула која може се’ да излекува. Мислењето во спротивното е заблуда и опасно. Самолечењето со медикаменти, па дури и со природни суплементи и билки- може да биде контра-продуктивно, па дури и опасно.

Упатувајте се внимателно, користете го здравиот разум, прашувајте за совет, а за вашето истражување консултирајте го вашиот лекар, секогаш пред да превземете нешто ново или да ја промените дозата.​

6.ЈАДАМ ИСКЛУЧИВО САМО НАМИРНИЦИ СО МНОГУ МАЛКУ МАСТИ​

Ова е погрешно на повеќе начини. Мастите не се вашиот непријател. Доколку се внесуваат големи количини на вештачки трнас масти, може да дојде до покачен холестерол и срцеви заболувања. Природните мононезаситени масти кои се наоѓаат во јатките и авокадото, на пример, се добри и неопходни за секоја клетка од телото.

Бидете претпазливи со производите кои се рекламираат како „low fat“, затоа што она што се става во нив како компензација за мастите е уште полошо за вас.

7.НЕМАМ ВРЕМЕ ДА ОДАМ НА ЛЕКАР

Ако сте болни и ако ви е потребно внимание од лекарот, сфатете дека вие не сте единствени. Ординациите се секогаш полни со ред од пациенти. Исклучоци секако се прават за итните случаи.

Вашиот лекар сака да ви помогне, а вие треба да бидете флексибилни, како што истото го очекувате и од лекарот. Прегледот бара време и тестирања. Сигурно не би сакале вашиот лекар да избрза со дијагнозата и третманот, туку да биде темелен и внимателен.

Издвојте го потребното време што е потребно без правење притисок врз себеси и врз вашиот лекар.

8.МОЖАМ ДА ПРОДОЛЖАМ ДА ПУШАМ АКО ВЕЖБАМ

Секако, ако сакате да доживеете срцев или мозочен удар малку подоцна (или малку порано). Пушењето цигари е една од најлошите работи кои можете да му ги направите на вашето тело. Не можете да се ценкате со вашето здравје.

Не постојат други промени во животниот стил кои можат да ги надоместат ужасните работи кои пушењето му го прават на вашето тело.

Здравиот разум, информираниот избор и заедничкиот напор со лекарот ќе ви помогнат да живеете подобро и подолго.