Можеби најубаво е јагнешкото испечено на ражен, но нема секој можности за овој вид на печење. Ви предлагаме еден стар и проверен рецепт со кој јагнешкото излегува исто толку вкусно како и она од раженот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ручекот кој се подготвува за големиот христијански празник е вистинска свечена церемонија и домаќинките даваат сè од себе да ги воодушеват сите најблиски и гостите поканети на трпезата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Најчесто се започнува со домашна супа или чорба, а според обичаите се замесува некој од велигденските лебови како кравајчиња, милиброд или погача, а потоа се продолжува со предјадења, разни салати и месо.
![]()
![]()
![]()
![]()
На нашите простори постои традиција за овој празник да се подготвува исклучиво јагнешко месо. Јагнешкото или го сакате или не, а има и онакви кои би сакале да го пробаат и да го јадат, но ги одбива неговиот специфичен мирис.
![]()
![]()
![]()
![]()
Меѓутоа, таквиот мирис е можно да се неутрализиpa со начинот на подготовката, а резултатот е вистинска радост за сите кои можат да се почестат со едно вкусно парче месо. Мекоста и вкусот на вака приготвеното месо навистина е единставена, па би било вистинска штета доколку не се најде на вашата празнична трпеза. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 кг јагнешко (најдобро од плешка), 1,5 кг компири, 3 лажици сол, 1 лажица црн пипер во прав, 4 чешниња лук, 1 лажица рузмарин, 3 ловорови листови, 2 литри млеко, 100 мл маслиново масло




ПОСТАПКА: Измешајте маслиново масло, сечкан лук, магдонос, рузмарин, црн пипер и ловоров лист. Јагнешкото убаво измијте го, а потоа парчето или парчињата исушете ги со кујнска крпа. Посолете го месото, па прелијте го со маринадата со маслиново масло и добро истријте го.
![]()
![]()
![]()
![]()
Оставете да отстои два часа. Месото се става во поголем лонец или тенџере и се прелива со млекото колку да го прекрие, па се става на оган и кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и поклопете го, па вака месото варете го околу еден час, внимавајќи да не ви претече.
![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време, извадете го месото од млекото, добро намастете еден подлабок плех, тепсија или тава, па наредете ги излупените компири исечени на половина и одозгора ставете го јагнешкото.
![]()
![]()
![]()
![]()
Прелијте половина од млекото во кое се вареше месото. Јагнешкото печете го околу два часа на 180 степени покриено со фолија, а пред крајот извадете ја фолијата и потшечете го уште кратко време за да фати убава боичка.































