Секоја домаќинка има некоја своја тајна, па вие додадете нешто свое…

Потребни состојки:

3 кг јагнешко (плешка со ребра)

Сол по вкус (крупна)

Сенф

100 мл мешавина од вода и бело вино

500 мл масло или помалку (јас го полевам)

Зачини по желба

Рузмарин

Постапка:

Јагнешкото измијте го и посолете. Засечете го на повеќе места, со ножот избодете го на подебелите места и добро истријте за да може поубаво да ги прими зачините.

Измешајте вино, вода, масло и рузмарин, па ставете во огноотпорен сад во кој ќе се пече месото.

По желба месото премачкајте го со малку сенф. Покријте со алуминиумска фолија. Печете на 200 степени. Можете на почеток на посилен оган а потоа да намалите.

Повремено вадете го садот и полевајте го месото со течноста во која се пече и превртувајте го. Нека се пече подолго додека целосно да омекне.

Пред крајот на печењето тргнете ја фолијата и оставете уште 15 минути за да фати убава коричка.

Малку изладете и сервирајте со компир кој се испекол покрај месото.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Марика Аидоне: “MENE JAGNESKOTO STALNO MI USPEVA…RECEPTOT E OD MAJKAMI…NA MESOTO MU STAVAM SAMO: SOL,CRN BIBER,LUK I BELO VINO.NA POCETOKOT GO PECAM VO POKRIEN SAD NA NAJJAKA TEMPERARURA,OKOLU POLSAAT,GO PREVRTUVAM I ISTO NA NAJJAKA TEMPERARURA GO PECAM USTE POLSAAT .POTOA JA SMALUVAM TEMPERATURATA NA 150 STEPENI I PRODOLZU AM SO PECENJETO DO KRAJ.

Коментар на Александар Бруце Македонски: i st o ke se sluci so toa meso na 200 stepeni ?? posebno jagneskoto se pece na temperatura do 120 stepeni, 5 – 6  casa.

NMD.mk kaj mene  poentata na  pecenjeto na mestoto e u salamurata koja ja spremam za  jagnesko/ ovco/ kozjo meso/ miks od specificni zacini i drugi dodatoci za ova  prigoda, bidejki ovoj tip na meso ima specificen vkus i miris, koj sekoj covek ne moze da go podnese i da go jade. zatoa, mesoto prethodno mora da odlezli  do 72 saati u salamura, i na kraj se pece u glinena tava so kapak ili u bronzen pekac na temeratura do  120 stepeni 5-6 saati na tenane, lagano, i na kraj kad se servira ono se raspadne bukvalno i lepi na  prsti, koj probal- znae 😀  na zdravje

Коментар на Андреја Пајтонџиев: “Ќе се удави во маслото, 1/2 литар????”

Коментар на Савка Стаменова: “Plus stavam spikovano  lukce uste po vkusno e, go otstranuva mirisot. :)”