Ова е рецептот на мојата пријателка Бранка за една обична, но многу вкусна торта која најчесто ја прави за родендени или забави, и е една од причините поради која со нетрпение чекам да одам кај неа, покрај тоа што убаво се забавувам. Брза и лесна е, се подготвува едноставно и има прекрасен вкус.




Вкусна непечена торта со ресани и малини. По желба, овошјето може да го замените со некое друго бобесто овошје по желба. Може да користите и микс од замрзнато црвено овошје, тортата на тој начин е највкусна. Еве кои состојки ви се потребни:




ЗА КОРАТА: 300 г мелени бисквити, 200 г мелени ореви, 100 г шеќер во прав, 100 г путер или маргарин, 200 мл сок од портокал. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг од ванила, 3 супени лажици густин, 200 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 2 кутии (250 г) јафа бисквити (ресани), 300 г малини. За декорација шлаг, слатка павлака или чоколадна глазура.




ПОСТАПКА: Најпрво сварете го филот. На оган во тенџере се става 1 литар млеко заедно со 200 грама шеќер, се одвојува малку млеко од таа количина и се меша пудингот со густинот. Кога млекото ќе зоврие, сварете го пудингот и оставете го да се излади.




Се мати омекнатиот маргарин и се додава во измиксаниот оладен пудинг, додавајќи една по една лажица, додека се мати со миксер убаво да се соедини кремот. Додека пудингот се лади, подгответе ја кората:




ЗА КОРАТА: Во сад ставете ги сите состојки за кората и соединете ги по можност со рака додека убаво да се соединат. Постепено додавајте го сокот од портокал, можеби нема да ви требаат 200 мл, некогаш ми треба 150 мл, некогаш 180, а некогаш рамно 200 мл, затоа е важно постепено да се додава додека ја месите смесата со рака додека да стане цврста како подлогата за чизкејк.




Составување на тортата: На плехот за сервирање ставете обрач за торта од 28 см (може да биде помал или без обрач, но убаво да го користите за да се формира тортата во перфектен круг) и со рака или со лажица натапкајте ја кората, додека да ја израмните насекаде подеднакво.




Врз кората се става малку фил, помалку од 1/4, само убаво да се „залепи“ јафа бисквитот. Ставете ги ресаните со чоколадната страна свртена надолу (НЕ потопувајте ги ресаните во сокот од портокал бидејќи одозгора се ставаат замрзнати малини кои ќе го испуштат својот сок).




Врз бисквитот ставете ги замрзнатите малини, а потоа остатокот од филот, со полека додавајќи по една лажица, рамномерно, за да не се помрднат малините за време на премачкувањето. Тортата украсете ја со шлаг или прелијте ја со чоколадна глазура.




Редослед на редење: кора / малку фил / Јафа бисквит / малини / остатокот од филот / шлаг или глазура. На насловната фотографија тортата е направена со јафа бисквити со вкус на цреша и фил од варено овошје – 500 г замрзнати малини и јагоди се варат со 5 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер измешани во 100 мл вода.




Добро изладете ја тортата, подобро се сече кога е неколку часа отстојана во фрижидер. Наместо малини, можете да ставите банани исечени на прстени, но во тој случај треба Јафа кексите да се поминат низ сок од портокал за малку да омекнат. / Сoolinarka.сom