Овој зеленчук ќе го намали ризикот од појава на камен во бубрег и ќе го намали зголемениот крвен притисок.
Ако сакате брзо да се заситите и притоа да ја сочувате витката линија, јадете келераба – советуваат нутриционистите.
Овој исклучително здрав, нискокалоричен зеленчук обилува со растителни влакна кои обезбедуваат долго чуство на ситост и го поттикнува варењето, поради што особено се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.
Келерабата е одличен извор на витамин Ц (62 милиграми во 100 грама), па со самото тоа го јакне имунитетот, го неутрализира дејството на штетните, слободни радикали и го успорува стареењето.
Благопријатно делува на кардиоваскуларниот систем бидејќи го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта. Го стабилизира и нивото на шеќер во крвта, па се препорачува при хипогликемија и дијабетес.
Освен тоа, витаминот Ц ја поттикнува апсорпцијата на железото, одговорно за снабдување на крвта со кислород и на тој начин го закрепнува и го зајакнува целото тело.
Со редовно консумирање на келерабата се намалува и ризикот од појава на камен во бубрег, додека присутниот калиум го намалува зголемениот крвен притисок.
Ја отстранува опстипацијата, а добро упатените тврдат дека помага во превенција на карцином на дебело црево.
Исто така, поволно влијае врз здравјето на коските, лимфниот систем, сврзното ткиво, забите и непцата. Ги ублажува едемите, кандидијазата и вирусните инфекции.