Совршена комбинација на храна и зачини. Ако обожавате лазањи и запечен зеленчук, тогаш овој рецепт ќе ве воодушеви. Има совршен вкус, а она што е уште повосхитувачки – диетално е, односно не мора да се грижите за внесените калории.




Рецептот за овој специјалитет воодушеви 12 милиони луѓе, а го споделија дијабетичарите, па не пропуштајте да го испробате. Богато јадење полно со потребни нутриенти, заситно и вкусно, ќе ве воодушеви и вас.




Потребни состојки: 4 лажици масло, 1 главица кромид, 2 компири, 400 г ситно сечкана зелка како за салата, 1 морков, 1 зелена лута пиперка, 1 црвена слатка пиперка, 1 лажичка чили во прав (лута зачинска пиперка), 1 лажичка мелен црн пипер, 1 лажичка сол




За прелив: 3 јајца, 170 мл млеко, 170 мл јогурт или кисело млеко, 50 мл масло, 2,5 лажици брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка мелен црн пипер, 1 кесичка прашок за печиво, 1-2 лажици ситно сечкан магдонос, 200 г рендан кашкавал (чедар) за наросување одозгора.




Постапка: запржете го ситно сечканиот кромид на масло, па додајте му го компирот, исто така, исечкан на коцки (нешто помали од големина на залак). Динстајте го зеленчукот на умерена температура под капак за да омекне од сопствените сокови.




Додајте ситно сечкана зелка, рендан морков, сечкани зелена и црвена пиперка. Промешајте малку, па повторно поклопете и оставете да се динста додека да омекне зеленчукот.

Пред крајот зачинете по вкус, уште малку оставете да крчка и повремено промешувајте. Готовиот зеленчук оставете го да се подизлади додека го приготвувате преливот.




Во длабок сад изматете ги трите јајца, додајте млеко и јогурт. Промешајте, па додајте го брашното, зачините, прашокот за печиво и магдоносот. Убаво соедините ги состојките додека да се изедначат.




Додајте го изладениот динстан зеленчук и промешајте. Добиената смеса излејте ја врз плех или огноотпорен сад со средна големина, рамномерно распоредете, па одозгора наросете магдонос, зачини и рендан кашкавал.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути. Послужете го јадењето топло, но многу е вкусно и откако ќе излади. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.