Фотографија и рецепт на Љиљана Станковиќ
Стар македоснки рецепт на кој годините не му можат ништо. Сè уште се приготвува и за многумина е омилениот колач.
Потребни состојки: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 3 јаболка, 250 г мелени ореви, 200 г гриз, 1 ванилин шеќер и 1 прашок за печиво. За шербет: 2 шолји шеќер и 3 шолји вода
Постапка: Јаболката измијте ги добро, излупете ги, па крупно изрендајте ги. Потоа јајцата изматете ги со миксер, додадете го шеќерот и матете додека смесата да згусне и запени.
Во изматените јајца додадете го гризот, ванилин шеќерот, прашокот за печиво, ренданите јаболка, мелените ореви и мешајте додека смесата да се изедначи. Добиената смеса излејте ја во намастена и набрашнета тркалезна тепсија, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути.
За тоа време пригответе го шербетот: Во едно тенџере ставете вода и шеќер, па кога ќе зоврие оставете уште минута-две, па тргнете од оган. Печениот колач оставете малку да подизлади па пресечете го на ромбови, па прелијте го со топол шербет. Оставете малку да отстои за да се впие шербетот.