Сраснат нокт во медицината се смета за хронична болест, а претставува раст на ноктот во кожата. Доколку не сакате да трошите пари за хируршка интервенција, обидете се тоа да го направите по подолгиот пат, по природен пат, во домашни услови.
Ставете три лажици сода бикарбона во 2 литри вода, па смесата ставете ја на рингла. Кога водата ќе се загрее, капнете неколку капки јод, па потопете ги стапалата и киснете ги колку можете повеќе за да омекне кожата.
Потоа ставете памук помеѓу кожата и сраснатиот нокт, па обидете се со пинцета полека да го извадите. Не заборавајте пинцетата претходно да ја дезинфицирате во алкохол или друга антибактериска течност.
Бидејќи најверојатно нема да успеете се’ да извадите одеднаш, постапката продолжете да ја повторувате на секои 15 дена, додека да ги извадите сите делови од сраснатиот нокт.