Home закуска Измешајте 2 јајца и компири и ќе добиете највкусно јадење…Не останува ни...

Измешајте 2 јајца и компири и ќе добиете највкусно јадење…Не останува ни трошка!

Крокети од компири со пилешко и кремаст сос

Овој рецепт за крокети од компири со пилешко полнење е вистинско ремек-дело од кујната на мојата баба од село.

Комбинацијата од меко пире од компири, сочно пилешко со крем и ароматичен сос создава јадење кое е едноставно за подготовка, а неверојатно вкусно.

Совршено за семејни ручеци или вечери со пријателите, овој рецепт ќе ги воодушеви сите со својата едноставност и богат вкус. Подгответе го со љубов и уживајте во секој залак, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За крокетите:
3 големи компири
Малку сечкан магдонос
1 морков, рендан и пропржен
5 лажици пченкарен скроб
НМД

За фил:
2 пилешки филети
1 кромид
4-5 печурки
1 чешне лук
100 мл неутрална течна павлака
100 г моцарела (или друг рендан кашкавал)

И уште:
2 јајца зачинети со сол и црвен пипер, за похување
Малку брашно (за работна површина)
Малку лебни трошки за похување
Малку растително масло (за пржење)

Зачини:
Малку сол
Малку слатка пиперка
Малку италијански зачини или вегета
Малку мелен црн пипер
Малку морско оревче
НМД

За сосот:
3 лажици павлака
1 лажица мајонез
1 чешне лук
Малку сечкан свеж копар
Малку сол

Постапка

1. Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и варете ги во вода додека не омекнат. Потоа исцедете ги и испасирајте ги во пире. Додајте малку сол и сечкан магдонос.

2. Изрендајте го морковот и кратко пропржете го на малку растително масло. Додадете го во пирето заедно со магдоносот и добро измешајте.

3. Во пирето додајте 5 лажици пченкарен скроб и убаво соединете ја смесата. Оставете ја настрана.

4. Исечете ги пилешките филети на ситни коцки и пропржете ги на растително масло. Додајте ситно сечкан кромид и печурки, па продолжете со пржење.

5. Изрендајте едно чешне лук и додадете го во смесата со месото. Зачинете со сол, италијански зачини и мелен црн пипер.

6. На крај, додајте 100 мл течна павлака и малку морско оревче. Динстајте додека смесата се згусне. Тргнете од оган, додајте 100 г рендана моцарела и промешајте.

7. На набрашнета површина, поделете го тестото од компири на два дела. Секој дел обликувајте го во векна, а потоа поделете го на еднакви парчиња (околу 14 дела, за 7 крокети-плескавици).

8. Од секое парче направете плескавица, ставете малку од пилешкиот фил во средината и покријте со друга плескавица. Внимателно спојте ги краевите за да не истекува филот при пржењето и обликувајте крокети во форма на коцки.

9. Во еден сад подгответе разматени јајца, а во друг сад лебни трошки. Крокетите прво потопете ги во јајцата, а потоа во лебните трошки.

10. Пржете ги крокетите во умерено загреано растително масло додека да заруменат од двете страни.

11. За сосот, измешајте 3 лажици павлака, 1 лажица мајонез, едно изрендано чешне лук, сечкан копар и малку сол. Добро промешајте.

12. Послужете ги крокетите топли со кремастиот сос и уживајте во прекрасниот вкус!

Добар апетит! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот ОВДЕ: