Комбинацијата со зеленчук и пилешко од рерна е најидеалниот оброк за престојните есенски денови. Нешто за кое навистина немате никакви обврски и не бара многу работа. Сите состојки се ставаат во сад и се става сè во рерна следниот ден. Совршен оброк во кој ќе yжива целото семејство! Верувам дека ќе ви се допадне и дека ќе го пробате.
Рецептот на Валентина изобилува со витамини кои се неопходни да се внесуваат во престојните ладни денови месеци. Овој оброк ќе ви го прочисти организмот, а ќе се чувствувате свежи и заситени после него.
Ручекот содржи најразлични зеленчуци и пилешко месо, лесен е и течен, така што е погоден за оние кои треба да се исхрануваат со лесна храна, како на пример дијабетичарите и оние кои имаат проблем со цревата. Има многу бенефити за здравјето и треба да го јадат и оние кои се здрави. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг пилешко (4 батаци и 4 карабатаци), 400 г боранија, 400 г мешан зеленчук (од замрзнувач), 1 кромид, 1 излупен компир, 1 главица лук или неколку чешниња. ЗА ПРЕЛИВ: Сол, сув зачин вегета, црвен пипер, ловоров лист, црн пипер во прав, зрна бибер, 200 мл сос од домати, 150 мл масло, 1 кесичка крем супа од печурки (или по вкус), 250 мл вода. Можете да користите најразлични зеленчуци кои ви се допаѓаат.
ПОСТАПКА: Батаците и карабатаците се сечат на површината на повеќе резови. Ставете ги во еден сад, па потоа започнете да ги додавате другите состојки. Доколку ја сакате боранијата, додајте 400 г од неа, потоа додајте го мешаниот зеленчук (може да биде замрзнат или свеж).
Во овој рецепт имаше моркови, карфиол, брокула… Исечкајте го кромидот на полупрстени, додајте го во садот, па истото направете го и со компирот кој може да се исечка тенко или на коцки. Додајте неколку чешниња лук или цела главица со пресечени чешниња на половинки или четвртинки.
Потоа направете го преливот. Прво се соединуваат зачините по ваш вкус, значи тоа може да биде сол, црн пипер во прав и во зрна, вегета, црвена зачинска пиперка, па потоа се додава 200 мл доматен сос, 150 мл масло, 250 мл вода и сите состојки заедно се соединуваат.
За подобар вкус, во преливот може да додадете и една кесичка супа по ваш вкус и да ја измешате во течноста. Преливот излејте го во исечканиот зеленчук и малку промешајте за да се распореди низ целиот зеленчук. Вака подготвената маринада може да ја оставите да отстои преку ноќ во фрижидер под фолија или ако ручекот го правите во истиот ден, се остава да отстои минимум половина час.
Следниот ден, сите состојки се преливаат во еден керамички сад, прво се редат батаците, па се реди зеленчукот, потоа карабатаците и останатиот зеленчук. На крајот, се излева од течноста која ви останала и со помош на шпатула се прави простор за да може течноста да пројде и на дното.
Ручекот се пече под соодветен капак или ако немате под алу-фолија во претходно загреана рерна на 150 или 170 степени, за да не претече. Целото печење е вкупно 2 часа, а потоа се остава малку да се олади, па се послужува додека е топло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.