Home пита Измешај, излеј и испечи…Брза ПИТА СО СИРЕЊЕ, подготвка 5 минути

Измешај, излеј и испечи…Брза ПИТА СО СИРЕЊЕ, подготвка 5 минути

ПИТА СО СИРЕЊЕ СПРЕМНА ЗА 5 МИНУТИ

Овој брз и вкусен солен колач со сирење е совршен избор за секојдневен оброк или неочекувани гости – се подготвува за миг, а резултатот е мек, мирисен и неодолив, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

4 јајца
мала лажичка сол
100 мл масло
100 мл млеко
250 мл течен јогурт
120 г брашно
1 прашок за печиво
сирење (фета или друго по желба)
НМД

Постапка:

Изматете ги јајцата со жица и додајте мала лажичка сол. Потоа додајте 100 мл масло, 100 мл млеко и 250 мл јогурт. Сè убаво измешајте.

На крајот додајте 120 г брашно измешано со еден прашок за печиво. Матете добро за да нема грутки – смесата треба да биде мазна.

Половината од тестото истурете го во калап со пречник од 28 см претходно обложен со хартија и печете 12 минути на 200 степени.

Потоа извадете го, додајте ситно сирење по желба, прелијте го со преостанатото тесто, посипете малку сусам и вратете го во рерната. Печете уште 25 минути, додека убаво порумени.

И тоа е сè – совршен, мека и мирисна пита, подготвена за сервирање! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: