Малфатите се еден од оние автентични рецепти што ја раскажуваат историјата на северна Италија без потреба од сложени техники или скапи состојки.
Потекнуваат од регионот Ломбардија и често се опишуваат како „грдички, но совршени“ – неправилни по форма, но исклучително нежни однатре.
Комбинацијата од спанаќ и рикота создава лесна, кремаста структура која се топи во уста, а класичниот прелив од путер и свежа жалфија ја заокружува оваа традиционална, вегетаријанска чинија со висока гастрономска вредност.
Овој рецепт е пример како едноставната домашна кујна може да биде подеднакво привлечна и за секојдневна употреба и за посебни пригоди, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


📝 Потребни состојки
• 500 г свеж спанаќ
• 250 г рикота (или свежа урда или друго крем сирење)
• 1 јајце
• 50 г рендан пармезан (Grana Padano или Parmigiano Reggiano)
• 3 лажици лебни трошки
• 100 г брашно
• Сол по вкус
• Црн пипер по вкус
• Прстофат свежо рендано морско оревче
• НМД
За прелив:
• 50 г путер
• Неколку листови свежа жалфија


👩🍳 Постапка
1. Спанаќот ставете го во тенџере, поклопете и кратко згответе го 5–7 минути, додека да омекне. Оставете малку да се излади, па темелно исцедете го во цедалка за да се отстрани вишокот течност.
2. Исцедениот спанаќ ситно исечкајте го и префрлете го во длабок сад.
3. Додајте рикота, јајце и рендан пармезан. Зачинете со сол, црн пипер и морско оревче, па добро измешајте додека да се добие изедначена смеса.
4. Додајте лебни трошки, промешајте, а потоа постепено додајте го брашното. Смесата треба да биде мека, но доволно компактна за лесно обликување.
5. Со лажица земајте од смесата и меѓу дланките обликувајте неправилни малфати, како њоки. Валајте ги во малку брашно од сите страни и редете ги на послужавник.
6. Во тенџере зовријте вода, посолете ја и варете ги малфатите на тивко вриење. Откако ќе испливаат на површината, варете ги уште 3–4 минути.
7. Во тава растопете путер на тивок оган и додајте листови свежа жалфија за арома.
8. Со решеткава лажица префрлете ги сварените малфати директно во тавата со путерот и кратко превртете ги за да ја впијат аромата.
9. Послужете ги топли, со дополнително рендан пармезан по желба.
10. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












