Италијанска мусака со модар патлиџан – Вкусен семеен рецепт што ги освојува сите!
Уживајте во оваа неодолива италијанска мусака од модар патлиџан, според рецептот на мојата баба!
Ова јадење комбинира нежни слоеви модар патлиџан, карамелизиран кромид, ароматична колбасица и богат вкус на кашкавал, завршено со крцкава кора од лебни трошки.
Совршено за семејни вечери или забави, ова јадење носи медитеранска магија на вашата трпеза! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 3 модри патлиџани
– 4 главици кромид
– 2 свежи колбасици (или околу 300 г мелено месо
)
– 100 мл бело вино
– Пармезан или друг кашкавал по вкус
– Лебни трошки
– Сол, црн пипер
– Свеж магдонос
– Маслиново масло
– НМД
Постапка:
Исечете ги модрите патлиџани на тенки кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат 15-20 минути за да ја испуштат горчината. Потоа, измијте ги и исушете ги со кујнска хартија.
(Опционо) Во тава на среден оган загрејте маслиново масло. Пржете ги модрите патлиџани 2-3 минути од секоја страна додека да омекнат и добијат златна боја.
Оставете ги настрана. Можете и малку да ги потпечете во рерна колку да омекнат.
Исечкајте ги 4-те главици кромид на тенки ленти. Во тава со малку маслиново масло, пропржете го кромидот 5-7 минути додека да стане мек и карамелизиран.
Извадете ја колбасицата од обвивката и месото додајте го во тавата со кромид. Пржете додека да зарумени.
Додајте 100 мл бело вино и оставете да испари на среден оган. Кога виното ќе испари, додајте 1 лажица доматен концентрат и промешајте.
Гответе уште 2-3 минути. Зачинете со сол, црн пипер и ситно исечкан магдонос.
Во плех или огноотпорен за печење, намачкајте малку маслиново масло. Наредете слој модри патлиџани, посолете и запиперете.
Преку нив ставете половина од филот. Поросете рендан кашкавал (пармезан или по избор). Повторете со уште еден слој модри патлиџани и преостанатиот фил.
Завршете со слој кашкавал и рамномерно посипете лебни трошки.
Загрејте ја рерната на 200°C и печете 25-30 минути. Потоа намалете на 180°C и печете уште 15 минути додека мусаката да добие златна, крцкава кора.
Оставете ја мусаката малку да се излади пред сечење. Послужете ја топла, украсена со свеж магдонос.
Ова јадење е идеално со чаша бело вино и свежа салата! Buon appetito! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот ОВДЕ: