Навреме осмислете ги посните оброци, а гулашот со печурки е еден од повкусните. После првиот рецепт ќе ви го претставиме и рецептот за приготвување на гулаш од грав. И двете јадења се многу вкусни и заситни.
Гулаш е јадење „на лажица“ кое сите го сакаат, особено затоа што се приготвува со месо кое после долгото готвење станува толку многу меко што буквално се топи во уста.
А сега, испробајте ја посната верзија на гулаш кој исто така е многу вкусен, без разлика што се приготвува само од печирки.
Овој гулаш можете да го послужите со претходно сварен ориз, со посно пире, варен компир, шпагети или некои други посни тестенини. А може да приготвите и некоја посна салата по ваш избор, а гулашот да го послужите како самостојно јадење.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г свежи шампињони, 200 мл густ сок од домати, 1 главица кромид, малку кари и буковец, 1 лажичка цврна зачинска пиперка во прав, 30 мл масло, ориз, 2 листа ловор
ПОСТАПКА: Кромидот излупете го, па ситно исечкјате го и пропржете го на малку масло додека да застакли и да омекне. Динстајте го на умерена температура за да му овозможите да карамелизира и да го добие оној специфичен слаткаст вкус.
Потоа додајте го доматниот сос (или доматни пелати), зачинете и продолжете со динстањето околу 10 минути. Ако ви се чини сосот дека е многу течен, на страна измешајте една лажица скроб/густин/нишесте со малку вода, па разматете го во сосот.
Гответе уште малку додека да ја постигне посакуваната густина, па послужете топло со претходно сварен ориз. А еве како да приготвите вкусен гулаш со грав:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г сварен грав, 400 мл сварен густ доматен сос, 3 чешниња лук, 2 полни лажици ситно сечкан коријандер или магдонос, 1/2 лажичка цимет, 1 полна лажица пире од лути пиперки, 3 полни лажици пире од домати, 50 мл маслиново масло, зачини по вкус, сув зеленчуков зачин, црн пипер, сол, 500 мл вода
ПОСТАПКА: Гравот можете да го сварите сами така што ќе го потопите во вода одвечер, па следниот ден ќе го сварите додека да омекне на умерена температура, а може да користите и грав од конзерва, како вам ви е полесно.
Во тенџере ставете малку масло да се загрее, но не премногу, па додајте ситно сечкан лук или на листови, па пропржете го само колку да замириса.
Потоа додајте го пирето од домати и пирето од лута пиперка (може и лут ајвар) и заедно пржете околу 2 минути.
Додајте го густиот готвен домат (од шише) и вода (а доколку е потребно во текот на готвењето додавајте уште по малку вода, бидејќи овој грав не треба да биде целос но густ. потоа зачинете со цимет, сол и црн пипер, па додајте го готвениот грав.
Оставете да проврие, додајте сечкан коријандер или магдонос, поклопете и гответе на тивок оган околу половина час, со повремено промешување.
Во меѓувреме сварете ориз. Послужете го овој вид на „гулаш“ со сварниот ориз и сладете се. Ова јадење уште се нарекува и „Либански грав“. Рецепт на Поморавка.