Овој рецепт го добив пред 12 години од една драга пријателка која работи во аптека. И беше жал за -тогаш- моето мало девојче, кое едвај дишеше и се мачење со искашлување, а никаков сируп не помагаше… ПРОБАЈ, ми рече, ОВА Е ОД БАБА МИ… и’ благодарам и на неа и на нејзината баба!
Ова е испробан стар лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, која се смета за главна причина за почетен бронхит.
Спречува да се спушти густата леплива слуз во белите дробови, а јас и ќерка ми сме главните дегустатори уште кога таа имаше две години.
Потребни состојки за возрасни:
500 г ливадски мед (може и некој посилен)
1 лимон – исцеден сок
3 лажици ленено семе
1 лажица семе од бел синап
Потребни состојки за деца над две години:
500 г лесен багремов мед (или некој друг светол мед)
1 лимон – исцеден сок
2 лажици ленено семе
1 лажица семе од бел синап
Постапка:
Лененото семе и белиот синап сомелете ги во прав. Исцедете го сокот од еден поголем лимон.
Во тегла со мед додадете го лимоновиот сок и добро промешајте за да се разреди малку медот.
Во вака разредениот мед додадете ги мелените лековити зачини и со лажица добро промешајте за да добиете еднолична смеса. Поклопете и чувајте во фрижидер.
Употреба:
Се консумира 3х1 лажичка за деца, а за возрасни 3х1 лажица.
Бидејќи содржи лимонов сок, смесата мора да се чува во фрижидер.
Овој природен лек го користам секојпат кога ќе почувствувам дека грлото почнува да ме гребе.