Можете ли да се сетите кога последен пат плачевте? Повеќето луѓе на плачот гледаат како на слабост, т.е. емотивна слабост. Меѓутоа, соочувањето со своите емоции бара голема сила во облик на лична ранливост.

 

Покрај континуираните струи на солените солзи кои полека капат по нашите образи и повремено ни го замаглуваат видот, дали некогаш сте се запрашале кои се емоционалните или физичките предности на оваа беспомошна состојба?

 

Земете мараче и читајте понатаму за да ги научите изненадувачките предности на плачот.

 

1.Со плачењето се ослободуваме од токсините

 

Познато е дека плачот помага за физичко и ментално чистење. Солзите му помагаат на телото да се ослободи од хормонот на стресот кој е познат како кортизол.

 

Токму како и другите егзокрини процеси – уринирање, издишување, потење.. отровните материи се ослободуваат од телото кога плачеме. Болката ја намалува протеинот пролактин, адренокортикотропните хормони и еднорфинлеуцин-енкефалин се главните хемикалии присутни во емоционалните солзи.

 

2.Плачот го подобрува видот

 

Потврдено е дека солзите од солзните жлезди го разбиструваат нашиот поглед, ги подмачкуваат капаците и очните јаболка. Погледот може да стане малку матен кога ќе дехидрира очната солзница.

 

Солзите ја мијат површината на очите, ја одржуваат влажна и ги испираат евентуалните прашинки и надворешни тела. Плачот може да го сочува окото од дехидратација на слузокожата.

 

3.Ги уништува бактериите

 

Плачот може да биде добар начин да се ослободите од бактерии. Солзите содржат лизозим – ензим кој има проввоспалителен ефект.

 

Тој исто така се наоѓа во спермата, во мајчиното млеко, плунката и слузта и убива речиси 90% од сите бактерии во рок од 10 минути.

 

4.Го подобрува расположението

 

Солзите можат да го подобрат нашето расположение подобро отколку било кој антидепресив моментно достапен на пазарот.

 

Студијата што беше спроведена во 2008 година на Универзитетот во Јужна Флорида откива дека 90% од луѓето кои плачеле во стресни ситуации, почувствувале значајно олеснување и подобрување на расположението.

 

Поединци со анксиозно пореметување, доживуваат помали позитивни ефекти после плачот.

 

5.Ослободува од стрес

 

Дури и ако ситуацијата и натаму останува иста, добриот плач може да даде чувство на олеснување. Општо е познато дека плачот ослободува од хормонот на стресот или токсините од телото, што може значително да ја намали напнатоста.

 

Плачењето е сигурен и ефикасен начин со чија помош можете да се справувате со стресот и емотивно да се ослободите од негативните емоции, фрустрации и стрес.

 

6.Ја подобрува комуникацијата

 

Плачот може да го пренесе она што не може со зборови да се изрази, особено во врските. Плачот може да ја ублажи кавгата и да го истакне она што не е искажано со зборови или едноставно да се нагласи значењето на чувствата произлезени од дијалогот.

 

Да заклучиме, доброто исплачување може да ве излечи и психички и физички.