Ова повеќе е како идеја, отколку рецепт, предлог за крај на летото…кога на доматите им “поминува времето” и кога сте свариле од него сè што сте планирале, а ви останува вишок…

Идејата можете да ја користите и порано, секогаш кога имате домати при рака.

ПОСТАПКА

Најпрво вклучете ја рерната на 200-220 степени. Доматите убаво измијте ги со ладна вода, отстранете го двенестиот дел од петелката и останатите оштетувања, па наредете ги во големиот плех од рерна.

Ставете да се печат доматите додека да омекнат и да го пуштат сокот. Јас ги оставам да се оладат внатре во рерната и така уште малку се допекуваат, односно подобро го испуштаат сокот.

Изладените домати излупете ги од лушпата, а ова навистина многу лесно оди. Потоа редете ги на цедалка за да се исцеди уште малку сол. На крај останува само меснатиот дел од доматите.

Пкувајте го во кесички и чувајте во замрзнувач. Не мора да го фрлате ниту сокот, туку и него можете да го замрзнете во соодветни сатчиња. Сокот додавајте го во супи или смутиња наместо да додавате вода, на јадењата им дава предобар вкус.

Вака приготвениот домат може да се користи како додаток на разни јадења, а јас често го користам за симскиот пинџур.

За поголеми количини постапете вака: Полнете ги пластичните амбалажи од јогурт, кисело млеко, милерам, сладолед, путетер…. или пак приготвениот домат складирајте го во пластични кесички и замрзнувајте го.

За супа полнете пластични чаши, па поклопете со пластичен капак. Во недостиг на капаци, постапете вака: полнете ги чашите, наредете ги во тепсија, па замрзнете ги. После замрзнувањето наредете ги во кеса, врзете ги и оставете ги во фрижидерот за длабоко замрзнување.

Печениот домат вака приготвен и сочуван во замрзнувач е одличен за разни јадења, салати или како додаток за супа.

Coolinarika.com