Дали знаевте дека црниот дроб, исто како и срцето, е еден од најважните органи во човековото тело што извршува повеќе од 500 функции во телото? Црниот дроб ја чисти кр-вта од токсини, се бори против инфекции, создава жолчка, ги разградува мастите и метаболичкиот отпад.
Покрај тоа, црниот дроб е најголемиот орган преку кој циркулира огромна количина на кр-в секоја минута, што се филтрира во него. Бидејќи ги филтрира и распаѓа хормоните, добрата функција на црниот дроб е исто така многу важна во одржување на хормонската рамнотежа.
Ако сте постојано изложени на штетни материи кои се повеќе ги има во храната и водата, црниот дроб ви е преоптоварен со токсини.
Еве кои знаци укажуваат дека црниот дроб е преоптоварен со токсини: болка или чувство на непријатност во горниот десен дел на абдоминалната празнина, под ребрата, прекумерно потење и затоплување на телото, надуеност, необјаснето зголемување на телесната тежина или многу бавно слабеење…
Потоа, проблеми со варење на масна храна, појава на акни, розацеа или чешање по кожата, вишок маснотии околу стомакот, висок кр-вен притисок, промени во расположението и присуство на хроничен замор, жолтеникави израстоци околу очите, особено на очните капаци..
5 придобивки од чистењето на црниот дроб
Најдоброто нешто што можете да направите за целокупното здравје е да се почестите со детоксикација на црниот дроб. Чистењето на црниот дроб има многу придобивки за вашето здравје, а некои од нив се:
Стимулира детоксикација на целиот организам – Ако го исчистите црниот дроб, ќе поттикнете чистење на целиот организам. Овој вреден орган ја чисти употребената крв и ја враќа во срцето.
Ако функцијата на црниот дроб е нарушена поради заситеноста со токсини, непрочистена крв циркулира низ целото тело и низ срцето, со што се загрозува вашето здравје. Нарушеното здравје на црниот дроб го загрозува целиот имунолошки систем и придонесува за забрзано стареење.
Го снабдува телото со енергија – Детоксикацијата на црниот дроб ќе ве снабди со свежа енергија, ќе ја зајакне вашата концентрација и ќе ја зголеми продуктивноста на работа. Покрај тоа, тоа ќе го подобри квалитетот на вашиот сон.
„Детоксикацијата на црниот дроб ќе му овозможи на вашето тело да ги надополни своите резерви на хранливи материи и значително ќе го зголеми нивото на енергија потребна за вежбање и дневни обврски“, тврди Глобалниот центар за лекување.
Помага при слабеење – Ако сериозно размислувате за слабеење, тогаш детоксикацијата на црниот дроб треба да биде на врвот на вашата приоритетна листа. Црниот дроб игра подеднакво важна улога во слабеењето како и цревата и другите органи за варење.
Токму тој е одговорен за разградување на маснотиите. Црниот дроб произведува жолчка, чија функција е да ги разградува мастите. Затоа, ако го исчистите црниот дроб, ќе го поттикнете производството на жолчката, а со тоа и слабеењето.
Го намалува ризикот од појава на камења во жолчата – Доколку имате вишок холестерол, имате поголем ризик од развој на жолчни камења. Овие камења предизвикуваат блокади и ја блокираат работата на црниот дроб, кој повеќе не може да го исчисти телото од токсини.
Ја чисти и ја храни кожата – Благодарение на детоксикација на црниот дроб и елиминација на токсините од телото, оксигенацијата на ткивата ќе се подобри, така ќе изгледате поубаво, поздраво и посвежо. Заради подобрената функција на црниот дроб, вашата кожа исто така ќе дише и сјае.
Имено, ако црниот дроб е презаситен со токсини, телото се ослободува од вишокот токсини преку кожата, кои стануваат склони на акни и други негативни промени на кожата. Обновената функција на црниот дроб ќе влијае на здравјето на целото тело и ќе се чувствувате помлади од вашата вистинска возраст.
Рецепт за детоксикација на црниот дроб. Потребни состојки: брусница, лимон и билни зачини
Истурете 1 чаша незасладен сок од брусница и 7 чаши вода во тенџере. Ставете го на оган, оставете го да зоврие малку, а потоа тргнете го од оган. Ставете половина лажичка ѓумбир, половина лажичка морско оревче и пола лажичка цејлонски цимет.
Додадете една четвртина чаша сок од лимон, измешајте и оставете го во фрижидер. Наутро по будењето, испијте една чаша од овој напиток со брусница. По еден час, испијте една чаша вода, а потоа за еден час повторно чаша сок од брусница и продолжете така наизменично додека да го потрошите целиот пијалок.
Суво грозје за чистење на црниот дроб
Сувото грозје помага во чистење на црниот дроб, го намалува холестеролот, го штити срцето, го намалува ризикот од малигнитети, го регулира дијабетесот и помага при анемија. Го штити видот, црвстината на косата и ноктите и спречува дебелеење.
Сувото грозје изобилува со растителни влакна и тоа во количина од 100 г суво грозје, има 3,7 г растителни влакна. Во сувото грозје се наоѓаат двапати повеќе антиоксиданси отколку во свежото грозје. Неколку минерали кои ги поседува сувото грозје се: магнезиум, калциум, калиум, бакар, цинк и флуор, а од витамин најприсутните се витамините од Б групата.
Рецепт: Вода од суво грозје за чистење на црниот дроб. Во 500 мл зовриена вода, ставете околу 100 г суво грозје. Промешајте и оставете ја водата да врие околу 20 минути. Потоа тргнете од оган и поклопете го тенџерето со капак.
Лековитата вода може да се пие веднаш, но за поуспешни резултати – водата треба да отстои преку цела ноќ. Наутро процедете и испијте една чаша од водата четири дена по ред еднаш во месецот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска