Исчистете ги бубрезите, црниот дроб и белите дробови…Напиток со кој се исфрла сета нечистотија! Здравата исхрана и здравиот стил на живеење се клучни за квалитетен живот, виталност и младешки изглед…
За жал, брзиот начин на живеење и немањето време за готвење придонесуваат за пребрзо стареење и намалување на функцијата на природните пуфери кои се задолжени да го прочистуваат организмот од разни токсини на кои секојдневно сме изложени.
Денешната исхрана на многумина се состои од леб, сувомеснато, газирани и преработени пијалаци со многу шеќер и адитиви, конзервирана и пржена храна, а најмалку се застапенени свежото овошје и зеленчук.
Денешниот рецепт е одличен за сите на кои им е потребен детокс, односно прочистување на главните органи кои најмногу се засегнати од неправилниот стил на живеење, а тоа се бубрезите, црниот дроб и белите дробови…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 цел целер (стапчест или пак коренесе сосе листови)
1 голем морков или 2 средни
1 лимета или морков
1 корен од ѓумбир (5-6 см, со големина на палец)
400 мл вода
ПОСТАПКА:
Зеленчукот добро измијте го со ладна вода и исечете го на помали парчиња. Лиметата излупете ја, исто и ѓумбирот, па и нив исечкјате ги.
Сето заедно изблендирајте го во моќен блендер со додаток на вода. Овој напиток не треба да се процедува за да се внесат сите хранливи материи со влакната. Добиената количина поделете ја на три дела:
Првата чаша испијте ја наутро на гладно, втората половина час пред ручек, а третата половина час пред вечера. Имајте во предвид дека овој напиток секогаш треба да се пие на празен стомак и да не се меша со друга храна.
Имајте ги во предвид контраиндикациите доколку сте осетливи на некоја од состојките и советувајте се со вашиот лекар. Бидете здрави! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.