Од оваа инфузија веќе нема да ви шкрипат колената и другите зглобови, ќе ги исфрлите кристалите и солите кои се таложат, токсините и непотребните талози особено од крвните садови кои ги затнуваат.

Консумирањето на оваа инфузија доведува до често мокрење, а самата урина може да ја смени бојата и да биде потемна или црвенкаста поради солите кои се исфрлаат.

ЧИСТЕЊЕ НА ЗГЛОБОВИ – РЕЦЕПТ 1

5 г ловоров лист во прав се прелива со 300 мл зовриена вода. Се вари на тивок оган 5 минути со капак за да не испарат етеричните масла. Се остава преку ноќ, а се процедува наутро.

Се консумира само три дена наутро, на празен желудник, во мали голтки. Немојте да ја испиете целата течност одеднаш!

Се пијат 2-3 голтки, па по 15 минути уште 2-3 голтки и се продолжува додека да се испие целата инфузија.

Во текот на чистењето најдобро е да се одбегнува месо, млеко и зачинети јадења. Исто така не се препорачува да се пие кафе. Исто така, потребно е да се пие доста вода за да не дојде до дехидратација.

ИНФУЗИЈА ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ – РЕЦЕПТ 2

30 ловорови листови се варат во 600 мл вода. Од зовривање се намалува температурата на тивко, па се вари уште 10-тина минути.

Се трга од оган и веднаш течноста се складира во термос заедно со листовите. Се остава да отстојат 3-8 часа, по што се процедува.

Оваа инфузија се пие во голтки преку целиот ден.

Се консумира три дена, па се прави пауза од 7 дена и се повторува во следните 3 дена. Потоа се прави пауза од шест месеци, па доколку има потреба повторно се консумира дозата.

Додека се пие оваа инфузија организмот исфрла многу калциум и калиум, па неопходно е овие минерали да се внесуваат преку исхраната. Се препорачува да се јадат повеќе банани, готвени домати, суви кајсии, суви смокви, суви сливи и јаткасти плодови.

Можно е при мокрењето да почувствувате силен мирис на урината и истата да има темна боја, бидејќи преку неа се исфрлаат токсините и кристалите.

ЗА ПАНКРЕАС:

Ако имате покачен шеќер во крвта, ослабен панкреас и за обновување на клетките, направете ја следната инфузија:

Ставете во термос 10 ловорови листови, прелијте ги со 300 мл врела вода, затворете и оставете 24 часови. Потоа процедете и консумирајте по 50 мл строго на секои 30 минути пред јадење.

ЗА МОЗОК И ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА:

5 суви листови се варат 5 минути во чаша вода, по што се складираат во термос 5 часа, се процедува и се пие во мали голтки три дена.