Според некои статистики и истражувања помеѓу 5 и 15% од населението кои се сметаат за здрави – имаат SIBO. Покрај тоа, 8 до 10 лица кои имаат синдом на иритабилно црево, исто така имаат SIBO.

Луѓето кои тврдат дека имаат проблем со цревата, се чувствуваат подуено и неугодно, без разлика на храната која ја консумираат, често имаат SIBO.

А што е SIBO?

Овој термин се користи за да се опише преголемиот раст на бактериите внатре во тенкото црево. Нивото на бактериите е ниско кога дигестивниот тракт функционира нормално.

Болка или гасови? Опстипација или подуеност? Преголемиот раст на бактериите во вашите црева може да бидат причинители!

Храната патува низ дигестивниот трак: откако добро ќе се соџвака и навлажни со плунка, патува во желудникот, а од таму во дванаесетпалечното црево, тенко црево, па дебело црево.

Во тенкото црево се раствора на најситни молекули, па преку ресичките, сите хранливи материи се апсорбираат и преминуваат во крвотокот. Оттука, остатоците од несварената храна – отпадокот, доспева во дебелото црево каде е изложена на повеќе бактерии.

Тука доаѓа до апсорпција на водата и со помош на слузта се формира столицата која преку анусот ќе се исфрли надвор од телото.

Меѓутоа, луѓето со состојба SIBO обично имаат високо ниво на бактерии во тенкото црево. Ако е сè нормално, овие бактерии треба да се наоѓаат во дебелото црево.

Преголемото количество на бактерии им овозможува на истите да се хранат со кашата (храната) во тенкото црево, пред да биде таа целосно разградена на хранливи материи кои потоа ќе бидат апсорбирани.

Нивната исхрана доведува до болка, подуеност, дијареа, опстипација и гасови.

SIBO може да предизвика воспаление кое негативно делува врз слузокожата на тенкото црево. Поради оваа состојба, хранливите материи како што се витамините А, Д и Б12 се апсорбираат само во минимални количини.

Што доведува до SIBO?

Како причини се наведуваат:

-слаба желудочна киселина

-претерана консумација на алкохол

-пилули за контрацепција

-антибиотици

-антациди

Како се открива SIBO и како се дијагнстицира?

Постојат тестови кои се купуваат во аптека. Со помош на здивот се проценува присуството и количината на метан и водород кои ги создаваат бактериите. Овие гасови се ослободуваат преку белите дробови.

Пред тестот луѓето мора да испијат течност добиена од Лактулоза (вештачки шеќер). Овој шеќер, всушност можат да го разградат единствено бактериите.

Кога тие ќе ја “изедат” Лактулозата, тие ослободуваат гасови кои ни даваат јасна слика за присуството на метан и водород во системот.

Дали е возможно да се елиминира SIBO?

За да се ослободите од SIBO мора да го пронајдете вистинскиот начин за да го спречите прекумерниот раст на бактериите кои се јавуваат во овој дел од дигестивниот тракт.

Секако, постојат многу лекови за ублажување на оваа состојба. Вам всушност ви е потребна само една состојка, а тоа е алицин, кој може да се најде во лукот, ориганото, лист од маслинки и други билки со слични антимикробни својства.

Исто така, можете да користите додатоци и посебни ензими за да го ослабете одбранбениот механизам на бактериите.

Промените во исхраната се секогаш добар почеток. Диета со мали количини од ферментирани намирници се препорачува за оваа состојба.

После спроведувањето на препорачаната диета од стручно лице, потребно е да се изврши уште едно тестирање, за да бидете сигурни дека целосно сте се ослободиле од SIBO.