Повеќето жени во одреден период од животот се соочуваат со проблеми поради нередовниот циклус.
Понекогаш, причината може да биде од стрес, но во секој случај, нередовниот циклус значи дека нешто не е во ред со организмот, или постои хормонален дисбаланс.
Еве некои фактори кои влијаат на редовноста на циклусот:
-промена на килажата
-конзумирање на алкохол и цигари
-доење
-разни лекови
-кофеин
-полицистични јајници
-хормонален дисбаланс и сл.
За сите овие причинители на нередовниот циклус лек можеме да пронајдеме во природата.
Најдобри природни начини за регулирање на циклусот се:
Јаболков оцет
Го намалува инсулинот и на тој начин нивото на шеќерот во крвта што е честa причина за изостанок на циклусот.
Се препорачува пред секој оброк да се испие 1-2 лажици јаболков оцет.
Ленено семе
Одличен извор на фитоестроген лигнан, кој има позитивен ефект на овулацијата и го продолжува траењето на другата половина на циклусот во која доминира хормонот прогестерон.
Умерено вежбање
Иако претераната изложеност на физичката активност може да биде причина за каснење на циклусот, вежбањето и тренинзите во кои нема да се префорсирате се од голема корист.
Освен што можете да го воспоставите редовниот циклус, може да ги намалите болките и грчевите кои се јавуваат во тие денови од месецот.
Редуцирање на стресот
Ова е секако важен фактор, ,како за општото здравје, така и за вовпоставување на хормонална рамнотежа во телото која е пресудна за редовниот циклус.