Стареењето е неизбежно и никој не успеал да го спречи, но се чини дека за некои луѓе како да застанал биолошкиот часовник… Иако со текот на годините стануваме помудри и поисполнети, истовремено се соочуваме со брчки, дамки на кожата и седа коса кои се првите знаци за стареење.

Некои луѓе многу тешко се соочуваат со фактот дека полнале да стареат, па трошат цело богатство за да го сочуваат младоликиот изглед. Ако и вие сакате да изгледате помладо, а да не потрошите многу пари на скапите третмани и креми кои ветуваат запирање на часовникот, полесно е (и поевтино) да се усвои нешто од Јапонките.

Тие се познати по прекрасната и затегната кожа на лицето, што го отежнува утврдувањето на нивната возраст. Ако застанат мајка и ќерка една до друга, невозможно е да разликувате „која е која“. Тајната е во рутината, здравата исхрана и навиките.

Пијте зелен чај

Ако мислите дека добрата нега на лицето вклучува само редовно нанесување креми и тоници, се лажете. Многу зависи од тоа и што внесувате во организмот, односно од тоа што го пиете и јадете.

Зелениот чај смирува и може да го намали ризикот од развој на рак, а кога станува збор за нега, спречува појава на брчки и ја штити кожата од ош.тетување што може да биде предизвикано од УВ зраци. Пиењето чаша зелен чај секој ден помага и при сла-беење, па исто така придонесува за младешки изглед.

Јадете морски алги

Морската алга е пријател на кожата, а исто така, често е застапена во исхраната на Јапонките. Алгите се богати со витамини и минерали (калциум, магнезиум, витамин К, железо, фолати). Тие исто така содржат одредени антиинфламаторни компоненти кои го намалуваат о токот и црвенилото, а јодот помага во регулирање на метаболизмот.

Масажа

Масажата прави ч уда: редовните масажи се одлични за телото, бидејќи ја с тимулираат циркулацијата и ги релаксираат мускулите. Лицето не е изземено од тоа. Можете и сами да го масирате, прво инвестирајќи во добар м асажер за лице, со полигонални валјаци.

Ќе се исплати повеќекратно. Користете го секој ден, додека гледате телевизија или читате. Ова ќе ја забрза циркулацијата, што ќе ја освежи кожата и ќе и го врати здравиот сјај.

Бидејќи лицето има повеќе од 40. мускули кои, доколку се напнати, го забрзуваат формирањето на брчки, со помош на масажа ќе ги опуштите, ќе се ослободите од ст.ресот и напнатоста што го нарушуваат убавиот изглед на кожата.

Користете нежни средства за чистење

Жените во Јапонија имаат повеќе доверба во природните производи отколку во индустриските. Тие знаат колку се ш тетни хемикалиите, исто како и прекумерното миење на лицето.

О пседнати сме со отстранување на траги од масло од кожата, заборавајќи дека тие обезбедуваат хидратација. Значи, наместо да го миете лицето со грубо чистење неколкупати на ден, изберете производ кој се состои од само неколку природни состојки.

Колаген

Не заборавајте на колагенот: Јапонките користат креми и маски богати со колаген, а нивната исхрана се базира на супа од коски или спирулина (еден вид алги), кои се богати со овој најважен протеин во човечкото тело, одговорен за одржување на кожата затегната и млада.

П ушењето, изложувањето на сонце и лошата исхрана ги исцрпуваат резервите на колаген, и ако на тоа ги додадеме и нашите години, јасно е дека со текот на возраста потребен е сè поголем напор за да го обезбедиме оптималното количество.

Одмор

Понекогаш е потребно да го одморите лицето од козметички производи, бидејќи премногу крем може да влијае на еластичноста на кожата. Кога и да е можно, оставете ја кожата да дише, барем 24 часа, еднаш неделно. За тоа време, одморете се од шминкање и лосиони, со цел да ја оставите кожата самата да ги започне процесите за регенерација. Уште подобро, доколку ова го спроведете во текот на цела една седмица.