ИМА 70, НО ЛИЧИ НА 35…Рецепт кој прави огромна трансформација на кожата…Негувајте ја вашата кожа со природни маски на база на ленено семе и откријте ги тајните на убавината и здравата кожа…
Подгответе се за неверојатна трансформација на кожата со достапни состојки директно од вашата кујна! Состојките како витамин Ц, глицерин и слично можете да ги најдете во секоја подобро снабдена аптека.
Подгответе се за ултрахидрирана, блескава кожа со нашите стручни совети и лесни чекори. Не пропуштајте ја оваа шанса да се чувствувате како вистинска убавица…испробајте и нема да се покаете…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основа:
3 супени лажици лен
150 мл млеко
Маска против стареење:
100 г од основната смеса како база
1 лажица пченкарен скроб
1 лажица гел од алое вера
1 лажичка глицерин
3 капки витамин Ц
10 капки масло од авокадо
Пилинг со маска за подмладување:
3 лажици ленено семе
50 мл розина вода (или минерална вода)
1 лажица мелен наут
10 капки масло од роза (или арганово/масло по ваш избор)
5 капки масло од црн ким
ПОСТАПКА:
1.Лененото семе варете го во млекото 7-10 минути, оставете да подизлади, па ставете го во газа за процедување.
2.Добро истискајте и сочувајте го густото млеко кое ќе биде база за маската против стареење, а процеденото ленено семе сочувајте го како основа за пилингот.
3.ПИЛИНГ: Процеденото семе сомелете го во блендер заедно со малку розина вода. Додајте една лажица мелен наут и изедначете. На крај додајте ги маслата и повторно промешајте.
УПОТРЕБА: Нанесете на кожата од лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Оставете да делува 15 минути, па отстранете со млака вода.
Ги отстранува мрвите клетки и неправилностите од кожата, ги чисти порите, ја збогатува кожата со кислород и ја права нежна и еластична. Се чува во фрижидер до 10 дена.
4.МАСКА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ: Во процеденото млеко (100 мл) додајте скроб и промешајте да се изедначи. Потоа додајте алое гел, глицерин, витамин ц и масло од авокадо. Сето добро изедначете го.
УПОТРЕБА: Нанесете на кожата од лицето, вратот и деколтето, оставете да делува 20 минути, па исплакнете со млака вода.
Ги намалува брчките, и дава блескавост и сјај на кожата. Се чува во фрижидер до 10 дена. Постапката погледнете ја ОВДЕ.